Нов моден бренд во Охрид

Високата мода од Њујорк и Париз пристигна во Охрид. Се отвори модната продавница „Румор“
во која охриѓани ќе можат да си го купат своето уникатно парче облека. Идејата за отварање на еден ваков ексклузивен бутик е на две талентирани личности од светот на модата во Охрид, Лејла Гогова и Алек Бимбилоски.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Нов моден бренд во Охрид. Сите љубители на високата мода од Њујорк и Париз ќе можат да си го купат своето уникатно парче облека во „Rumor“ шоп креирано од светски познати модни креатори: Ристо/Париз, Монографи /Париз, СЕВ/Париз, Елла/Исланд и Џуми Лим – We are owls NewYork/Њујорк. Покрај со квалитет „Rumor“ своите клиенти ќе ги привлекува и со цени прикладни за македонскиот пазар. Идејата за отварање на еден ваков ексклузивен бутик е на две талентирани личности од светот на модата во Охрид, Лејла Гогова и Алек Бимбилоски. „Rumor“  е нивна голема заедничка желба од  детските пријателски денови која чекала вистински момент да биде реализирана.

Веројатно самото тоа што сега се случува ова што се случува јас би рекла дека е вистинско време за тоа. Ние вложивме навистина многу труд и љубов и ќе се трудиме да се задржиме на пазарот со една позитивна мисла и енергија. Мислам дека ќе успееме и покрај тешката економска ситуација  во нашата држава. Нема да се предадеме лесно бидејќи иако охриѓани можеби не се некои големи потрошувачи мислам дека ќе го препознаат квалитетот, вели Лејла Гогова, една од сопственичките на „Rumor“.

Заштитниот знак на „Rumor“ е врапче како симбол за глас – гласник. Овој моден детал ќе го има на уникатните производи на овој бренд. Сопствена колекција на „Rumor“, која ќе се произведува во Охрид е изработена од висококвалитетни материјали специјално изработени во Италија. Идеата на тимот кој стои зад овој бренд е во иднина покрај со познатите светски креатори повремено да соработуваат и  со наши уметници и дизајнери со што ќе ги афирмираат младите кои ќе понудат интересни идеи и квалитет. Покрај облека во продавницата може да се најде и ексклузивен накит.

Накитот од Џуми Лим е прекрасен. Го носат девојки како што е Ријана. Колекцијата од Ристо е доста носена од Камерон Дијаз така да по малку од сето тоа сакавме да донесиме и тука и мислам дека девојките брзо ќе го прифатат. А секако имаме убави парчиња и за момчињата посебно имаме убава колекција од кошули, машки џемпери, шарпи, вели Алек Бимбилоски, еден од сопствениците на„Rumor“ .
 
Во „Rumor“ќе има и „home“ катче каде ќе се продаваат рачно плетени перници кои ги дизајнираше младата Ирма Гогова. „Rumor“ ширум ги отвори вратите за младите талентирани уметници кои ќе креираат уникатни модни детали. Сега во оваа модна продавница може да се види накит изработен од филигран од охриѓанката Мартина (Dream filigree), Драган „Книговез“ изработи уникатни паричници, а Јованка Сион Доленц рачно изработи специјални миризливи свеќи за секој хороскопски знак посебно.
„Rumor“ се наоѓа на булеварот „Туристичка“ во зградата „Печијаре“ и ги очекува сите оние кои сакаат да бидат свои и препознатливи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top