Случајот „Пливалиште“, одложен за в година

Одложено првото рочиште од повторениот судски спор за несреќата на „Пливалиште“. Кобниот шанк кој каде минатата година од струен удар настрадаа тројцата стружани, повторно се најде пред Основниот суд во Струга, во рацете на судијата Живко Аврамоски.

 |  Билјана Николоска  | 
sud Struga
sud Struga

sudenjeОдложено првото рочиште од повторениот судски спор за несреќата на „Пливалиште“. Кобниот шанк кој каде минатата година од струен удар настрадаа тројцата стружани, повторно се најде пред Основниот суд во Струга, во рацете на судијата Живко Аврамоски.
Ослободување на обвинетите. Ова денес од судијата Живко Аврамоски, го побара Бесник Каба- бранителот на обвинетиот Климе Миладиновски, во судницата на Основниот суд во Струга, каде требаше да се одржи првото рочиште од повторениот судски спор за случајот „Пливалиште“, а кој спор се одложи.  Адвокатите Димитрија Цобоски, Ставре Џиков и Воислав Димоски, кои се адвокати на обвинетите, поради  ангажираност по судски спорови во Прилеп и Скопје претходно побарале рочиштето да се одложи, што од страна на застапникот на обвинението Никола Неделкоски, беше прифатено. Имено, овој предмет на повторно судење се врати во Основниот суд во Струга, откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресуда, уважувајќи ја жалбата на бранителите на обвинетите. Според решението на Апелациониот суд во Битола, првостепениот суд недоволно ја утврдил фактичката положба, а немало ниту образложение какви дејствија поединечно презеле обвинетите Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески. Во обновената постапка првостепениот суд ќе мора да изведе дополнителни докази при донесувањето на пресудата.
Ко-сопствениците на летниот шанк беа прогласени за виновни за тешки дела против општата безбедност. Вранишковски доби казна од 4 години затвор, Јанески 3 години и 4 месеци, а Миладиновски доби тригодишна затворска казна. Трагедијата се случи на 11 септември минатата година и во неа настрадаа тројцата неразделни другари, Јосиф Докоски (56) истакнат доктор, хирург, Кире Ѓоргоноски (57), врвен анестезиолог и Јонче Кувенџиески (48), вработен во општинскиот инспекторат. Според направените вештачења, непрописното изведување на електричната инсталација е причина за оваа трагедија. Наредното рочиште е закажано за 10 ти февруари 2012 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top