Post Views: 4
Компанијата „Slice“ израдува 35 семејства од ранливата категорија. Во соработка со ОО на Црвен крст Охрид, денес се делеа пакети со прехранбени продукти како и средства за лична хигиена од страна на вработените во компанијата. „Slice“. Kомпанијата две години работи во нашиот град и има две канцеларии една во Охрид друга во Дебар, кажува Бутринт Села. Тој истакна дека идејата за денешниот хуман гест потекнала од вработените, кои што не само што биле добри работници туку се покажале и како хумани граѓани кои одлучиле да донираат. Исто така средства за денешната активност...
Post Views: 0
Вчера државниот испитен центар ги објави прашањата кои ќе се најдат на екстерното тестирање на 22 и на 24 јануари за учениците во завршна (трета или четврта) година од средното образование.
Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања. Двата предмета по кои ќе бидат тестирани учениците, ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето.
До 10 јануари ќе може да се пријавуваат неправилности или нелогичности во прашањата и сите издржани...
Post Views: 4
Од 1 јануари следната година Регулаторната комисија за енергетика ќе биде надлежна за утврдувањето на цената и тарифите на водните услуги на јавните комунални претпријатија и водостопанствата кои се производители на сирова вода во општините со повеќе од 10.000 жители, а од 1 јануари 2019 година и за сите општини во Македонија.
Регулаторната комисија одржа јавна расправа на која се разгледуваа Предлог правилникот и Предлог методологијата за утврдување тарифи за водните услуги и сите засегнати можеа да достават забелешки и мислења. Во наредниот период ќе следува подготвителна...
Post Views: 3
Ј.П. “Охридски Комуналец” ги пушти во употреба првите три подземни контејнери во оваа општина, лоцирани кај паркот во централното градско подрачје.
Контејнерите се со капацитет од 3 метри кубни, и ќе овозможат осовременување на системот за складирање, селектирање и подигање на комуналниот отпад, како и поголема комунална хигиена особено во летниот период кога има поголема фреквенција на движење и се генерираат поголеми количини на отпад. Граѓаните кои ги користат овие контејнери треба да го селектираат отпадот.
Во нив треба да се депонира само комунален отпад, додека...
Post Views: 29
За нецели пет дена осквернавени три верски објекти во струшкиот регион. После Октиси и Бороец, синоќа некаде околу 21 часот и 30 минути, во црквата Св. Никола, Лабуништа, избувна пожар. Мал број на лабуништани сакаа да коментираат за настанот. Некои од нив нафрлаа и посочија каде да се бара виновникот, додека пак Субија Мемедоски, жител на Лабуништа излезе пред камерите и рече дека во селото отсекогаш имало соживот и дека сторителот на ова дело не е нивни соселанец.Пожарот кој се случи синоќа во атарот на црквата Св. Никола во Лабуништа, го зафати покривот, помошните...
Post Views: 0
Локалната самоуправа и понатаму тврди дека нема ништо незаконско во изградбата на хотелот во Лагадин, иако Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање за поништување на одобрението за градба на спорниот хотел.
На локацијата каде што од пред два месеци започнаа градежните работи за изградба на спорниот хотел во Лагадин. Денеска на градилиштето имаше градежни активности. Дали на оваа локација ќе продолжи градењето на хотелот зависи како ќе се постапи по барањето на ДИГУ доставено до општината за поништување на одобрението за градба. Од општината не...
Post Views: 12
На ден 18.11.2021 година во 19 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Ф.К.(33) од струшкото село Делогожда.
Приведувањето е извршено по претходно распишана потерница од СВР Скопје, поради бегство од казнено поправната установа „Идризово” Скопје каде е вратен на доиздржување на затворска казна – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 3
Осум лица од Охрид со телесен инвалидитет ќе добијат по еден личен асистент кој ќе се грижи за нив. Тие ќе се грижат за личната хигиена, за помош во домашните работи, при одење во банка, на лекар, но и на концерт или во вклучување во општествени активности. Со тоа аситентите ќе им го олеснат животот на лицата со инвалидитет, но ќе ги одменат и членовите на нивните семејства кои се во текот на 24 часа постојано со нив, вели Венко Голабоски од охридското здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност. Мобилност за овој проект се залга со години наназад, кажува Голабоски....
Post Views: 11
Малите и средни претпријатија од регионов бараат начини како да си го подобрат бизнисот и да се зголеми растот на економијата во државава. Една од можностите за тоа е усогласеност на компаниите со законската регулатива и поттикнување на бизнис секторот со свои предлози да помогне во подобрување на легислативата. Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој е подржан од УСАИД е тема на информативните сесии кои се одржуваат речиси во сите градови низ државава. Денес домаќин беше Охрид.
Дури 70% од компаниите, што се целна група на овие сесии,...
Post Views: 4
На почетокот на наредната недела, вторник, 14-ти март, охридските избраници во советот, повторно ќе заседаваат. На дневен ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат, Извештаите за работа во 2016 и реализираната програма на одделенијата и секторите при локалната самоуправа.
Ќе се расправа и за финансиското работење и годишна сметка на училиштата, како и за извештаите за работа и остварени резултати на јавните претпријатија.
Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуките за инвестирање во инфраструктурно уредување на пристапот во објектот ЈЗУ Специјална...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од охридското село Лескоец.
На 11-ти минатиот месец, пријавениот, во продавницата „Балкопром“ во струшката населба Плитишта, во оптек пуштил фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број БА3427637. Н.Р. со лажната банкнота купил цигари и ја напуштил продавницата а вработената се посомневала во банкнотата и веднаш го пријавила настанот.
По преземање на потребните оперативни мерки, полициските службеници го...
Post Views: 2
Ситуацијата со должничката криза во Грција продолжува, а многумина очекуваат и дека наскоро ќе излезе од еврозоната. Но, пред економистите, финансискиот крах го предвиде многу порано популарната телевизиска анимирана фамилија Симпсонови.
Долговечната анимирана серија веќе предвиде многу светски случувања, а некој открил дека во февруари 2013 година тие ја прогнозирале и моменталната ситуација во Грција.
Во епизодата од 2013 година наречена “Politically Inept, with Hommer Simpson”, Хомер се појавува во политичка емисија на Фокс Њуз, а за време на неговото гостување на...