Осум лица со телесен инвалидитет од Охрид ќе добијат личен асистент

Осум лица со телесен инвалидитет од Охрид  ќе добијат личен асистент.

 |  Валентина Неловска  | 

Осум лица од Охрид со телесен инвалидитет ќе добијат по еден личен асистент кој ќе се грижи за нив. Тие ќе се грижат за личната хигиена, за помош во домашните работи, при одење во банка, на лекар, но и на концерт или во вклучување во општествени активности. Со тоа аситентите ќе им го олеснат животот на лицата со инвалидитет, но ќе ги одменат и членовите на нивните семејства кои се во текот на 24 часа постојано со нив, вели Венко Голабоски од охридското здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност. Мобилност за овој проект се залга со години наназад, кажува Голабоски. Тој ги посочува искуствата од Хрватска каде што тамошните лица со инвалидитет добиваат личен асистент 2 пати неделно по 8 часа или 4 пати во неделата по 4 часа. И лицата со телесен инвалидитет од земјава имаат потреба за да им се олесни животот со добивање на лични асистенти, нагласува Голабоски.

„ Многу е поголем реалниот број за лични аистенти. Личен асистент не им е неопходен само на лицата со телесен инавлидите туку и на лицата кои се слепи или глуви, но и на други лица со инвалидитет на кои им е непоходна придружба“, кажува Голабоски.

Маријана Јанковиќ , експерт за професионална асистенција од Хрватска кажува дека над 1100 лица со телесен инвалидитет во нејзината земја имат личен асистент. На денешната обука во Охрид тие ќе ги пренесуваат искуствата и начините како во земјава да се развива оваа услуга. Треба да се изберат луѓе кои ќе се вклучат во пилот програмата, корисници и провајдер, ќе се слушнат кои се потербите на лицата , препораките и што треба да се менува или надградува во проектот, вели Јанковиќ.

„ Во овој момент личната асистенција во Македонија не постои. Ова е нова услуга која ја креираме од почеток и се усогласуваат со законот и законските рамки. Се утврдува кој ќе ги финансира, кој ќе ги користи, кој ќе бидат критериумите и сервисирањето на провјадерот“, набројува Јанковиќ.

Проекот за личен асистент ќе трае две години, но заложба на Мобилност ќе биде оваа услуга и понатака да се користи и да се имплементира во системот на државата. Пилот проектот е поддржан од Европската унија, а корисник ќе биде Министерството за труд и социјална политика. Денес, беше одржана 5 – та регионална обука од Програмата за професионала рехабилитација на лицата со телесен инвалидитет на која имаше присутни од Охрид, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top