• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Државниот инспекторат за градежништво побара да се поништи одобрението за градба на хотел во Лагадин, од општината тврдат се е легално

Државниот инспекторат за градежништво побара да се поништи одобрението за градба на хотел во Лагадин, од општината тврдат се е легално

Државниот инспекторат за градежништво побара  да се  поништи  одобрението за градба на хотел во Лагадин, од општината  тврдат  се е легално

 |  Валентина Неловска  | 

Локалната самоуправа и понатаму тврди дека нема ништо незаконско во изградбата на хотелот во Лагадин, иако Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање за поништување на одобрението за градба на спорниот хотел.

На локацијата каде што од пред два месеци започнаа градежните работи за изградба на спорниот хотел во Лагадин. Денеска на градилиштето имаше градежни активности. Дали на оваа локација ќе продолжи градењето на хотелот зависи како ќе се постапи по барањето на ДИГУ доставено до општината за поништување на одобрението за градба. Од општината не даваат одговор дали го добиле барањето и како ќе постапуваат.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, пак, за ТВМ информираат дека барањето е доставено и примено од страна на локалната самоуправа. Дали ќе биде поништено или не одобрението за градба на хотелот, одлучува локалната на своја одговорност. Нема рок во кој локалната треба да постапи по барањето од Државниот инспекторат. Но, во некој разумен рок од 15 дена од инспекторатот очекуваат општината да ги извести за своите следни чекори.
Доколку не го поништат одобрението за градба, општинарите ќе треба пред државниот градежен инспекторат како и пред инспекторатот за животна средина и Управата за културно наследство, да докажат со свои аргументи дека не ги прекршиле законите при издавањето на дозволата.

За јавноста пак, од локалната денеска уште еднаш преку допис до медиумите го повторија следново:

„Уште еднаш повторуваме дека целокупната постапка за донесување на Општиот акт за Лагадин и издавањето на одобрението за градба на хотелскиот комплекс во населба Лагадин се водени во согласност со законски пропишаната процедура предвидена во Законот за градење и во Законот за просторно и урбанистичко планирање“, стои во дописот.

Инаку, Државниот градежен инспекторат, државниот инспекторат за животна средина и Управата за културно наследство кон крајот на јануари годинава ја чешлале документацијата во Секторот за урбанизам во Општина Охрид и градежните работи на терен и утврдиле низа повреди на законот и постапката за издавање на градежната дозвола. Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека при носењето на општ акт за село лагадин во 2015 година при донесување на соодветна урбанистичко-планска документација не била испочитувана законската обврска за спроведување постапка за отценка на влијанието врз животната средина и животот на луѓето. Дополнително, Инспекторатот за животна средина ги потврдил и констатациите дека објектот се гради во заштитен појас на природното езеро на помалку од 50 метри од највисокиот водостој на езерото.

До инспекторатите претставки за изградбата на хотелот во Лагадин доставиле Активистите на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ и сопственици на куќи. Инспекцискиот совет ги известил активистите дека поради многуте прекршени закони и комплексната природа на случајот, постапката е се уште во тек и конечно решение допрва треба да се добие.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top