Објавени прашањата за екстерното тестирање

Вчера државниот испитен центар ги објави прашањата кои ќе се најдат на екстерното тестирање на 22 и на 24 јануари за учениците во завршна (трета или четврта) година од средното образование.

logo
лого

Вчера државниот испитен центар ги објави прашањата кои ќе се најдат на екстерното тестирање на 22 и на 24 јануари за учениците во завршна (трета или четврта) година од средното образование.

eksterno testiranjeБројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања. Двата предмета по кои ќе бидат тестирани учениците, ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето.

До 10 јануари ќе може да се пријавуваат неправилности или нелогичности во прашањата и сите издржани забелешки ќе бидат разгледани и коригирани од стручен тим. За општи забелешки, пак, кои се однесуваат на проблеми со функционирањето на системот, ќе може да се интервенира во полето Контакт.

Секој ученик, наставник и родител ќе може да ги види прашањата. Треба да се избере јазик (македонски, албански и турски јазик) и година на средно образование (трета или четврта), струка и предмет. Потоа прашањата можат да се симнат во PDF формат. Во просек има околу 2.000 до 3.000 прашања по ученик и во зависност од бројот на часовите по соодветен предмет, ќе има од 200 до 400 прашања кои еден ученик ќе треба да ги знае во двата дена на полагањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top