Компанијата „Slice“ овозможи радост на неколку семејства од ранливата категорија

Компанијата „Slice“ овозможи радост на неколку семејства од ранливата категорија. Успехот на компаниите не се мери само преку деловните резултати, туку мерило за успех е и општествената одговорност, велата од оваа компанија. Ова не е нивна прва хумана акција, ги имало во изминатиот период а ќе ги има и во иднина на секои 3 или 6 месеци најавуваат од „Slice“.

 |  Николоска Биљана  | 

Компанијата „Slice“ израдува 35 семејства од ранливата категорија. Во соработка со ОО на Црвен крст Охрид, денес се делеа пакети со прехранбени продукти како и средства за лична хигиена од страна на вработените во компанијата. „Slice“. Kомпанијата две години работи во нашиот град и има две канцеларии една во Охрид друга во Дебар, кажува Бутринт Села. Тој истакна дека идејата за денешниот хуман гест потекнала од вработените, кои што не само што биле добри работници туку се покажале и како хумани граѓани кои одлучиле да донираат. Исто така средства за денешната активност добиле и од канцеларијата во Њу Јорк.

„Успехот на компаниите не се мери само преку деловните резултати, општествената одговорност на компаниите е исто така мерило за нивниот успех. Нашата компанија „Slice“ во потполност го прифаќа солидниот концепт и за таа цел одлучивме да помогнеме на семејствата од ранливата категорија. Ова нема да биде единствениот пример за општествено одговорно однесување на нашата компанија

Секретарот на Црвениот Крст од Охрид, Мимоза Ставрева, изрази огромна благодарност за соработката со компанијата и истакна дека секоја хуман гест е добредојден.

„Овде сме да покажеме уште еден позитивен пример во нашата секојдневна практика дека функционирањето заедничко на Црвен Крст Охрид со корпоративниот сектор е успешна приказна и воедно е помош насочена кон ранливото население во нашата општина. Ова е и еден апел до сите останати кои што имаат било каква можност да дојдат и да се вклучат во хуманитарните активности на Црвен Крст за да ние можеме да помагаме почесто вака како денес“

Инаку на денешната акција пакетите ги делеа вработените во компанијата „Slice“, а присутни беа и нивни претставници од канцаларијата во Њу Јорк.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top