Пожар во атарот на црквата Св. Никола, Лабуништа

Опожарена црквата Св. Никола во струшкото село Лабуништа. За нецели пет дена ова е трето сквернавење на христијански верски објект. Дали овие настани имаат заедничка позадина, ќе покаже истрагата која е во тек.

 |  Билјана Николоска  | 
opozarena crkva
opozarena crkva

opozarena crkvaЗа нецели пет дена осквернавени три верски објекти во струшкиот регион. После Октиси и Бороец, синоќа некаде околу 21 часот и 30 минути, во црквата Св. Никола, Лабуништа, избувна пожар. Мал број на лабуништани сакаа да коментираат за настанот. Некои од нив нафрлаа и посочија каде да се  бара виновникот, додека пак Субија Мемедоски, жител на Лабуништа излезе пред камерите и рече дека во селото отсекогаш имало соживот и дека сторителот на ова дело не е нивни соселанец.
Пожарот кој се случи синоќа во атарот на црквата Св. Никола во Лабуништа, го зафати покривот, помошните простории и дел од камбанаријата на верскиот објект. После 5 часовната битка со огнената стихија екипите на Противпожарната единица од Струга успеале навреме да го локализираат, пред пламените јазици да ја зафатат и внатрешноста на црквата, каде се чуваат икони од Антониј Монах, за кои се смета дека се едни од највредните.
Komisija za prevencijaЗа актуелните настани што во последно време ја тресат Струга, денес состанок одржа Комисијата за Локална превенција при општина Струга, во присуство на претставници од општината, полицијата, муфтивството, јавните установи, ОБСЕ, а биле повикани и градоначалникот и претседателот на Советот на Вевчани како и организаторите на карневал, кои не дошле. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, рече дека на состанокот се разговарало за актуелната политичка и сигурносна состојба во Струга, биле кажани сите проблеми после одржувањето на вевчанскиот карневал и биле донесени заклучоци. Мерко порача, тензијата мора да се смири.
Komisija za prevencijaГрадоначалникот на Струга, рече дека сите вандалски чинови се за осуда и органите на прогонот треба да превземат соодветни мерки. Тој исто така рече дека муфтиството ќе побара кривични пријави за луѓето кои на вевчанскиот карневал преку маска го понижија исламот. Сквернавењето на храмовите го осудува и дебарско – кичевскиот митрополит господин Тимотеј. Тој за скоро време најави обиколна на црквите кои настрадаа во трите струшки села. Граѓаните на Струга пак, со свои размислувања. Некои не сакаа да коментираат, други пак кажаа по нешто.
Денес во Лабуништа, присуството на полицијата беше зголемено. Дали овие настани се поврзани и кој стои позади нив сеуште останува нејасно, бидејќи и после пет дена од СВР нема изјава, само информација дека истрагата е во тек. Пред пожарот во Лабуништа, во струшкото село Боровец беше оштетен осветениот триметарски крст, во Октиси беа испишани графити на локалната црква.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top