„Партнерство за подобра бизнис регулатива“

 „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Малите и средни претпријатија од регионов бараат начини како да си го подобрат бизнисот и да се зголеми растот на економијата. Со таа цел се одржуваат информативни сесии речиси во сите градови низ државава.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Малите и средни претпријатија од регионов бараат начини како да си го подобрат бизнисот и да се зголеми растот на економијата во државава. Една од можностите за тоа е усогласеност на компаниите со законската регулатива и поттикнување на бизнис секторот со свои предлози да помогне во подобрување на легислативата. Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој е подржан од УСАИД е тема на информативните сесии кои се одржуваат речиси во сите градови низ државава. Денес домаќин беше Охрид.

Дури 70% од компаниите, што се целна група на овие сесии, се правни субјекти во градови надвор од Скопје. Досега се реализирани 10 од 19-те предвидени средби во рамките на активноста. По нивното завршување врз основа на дискусиите ќе произлезат конкретни предлози до државните институции во насока на унапредување и подобрување на регулативата што се однесува на водењето бизнис, рече Билјана Прличкова од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии која е партнер во проектот.

Најголем интерес за дискусија кај бизнис-субјектите се правата и обврските што произлегуваат од Законот за работни односи, законските одредби од областа на даночната и царинската политика и од животната средина и урбанизмот.

Инфо сесиите ќе бидат еден индикатор кој може да не однесе понатаму до спроведување на подобар јавно деловен дијалог со помош на усогласување на законската регулатива која важи за компаниите, рече Ана Марија Маневска, од консултантската компанија „ЕПИ центар“.

За прв пат со цел донесување подобра бизнис регулатива се здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии. Тоа е дел од четиригодишниот проект за полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно -приватниот дијалог.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top