Охрид синоќа го одбележа големиот празник, денот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Пред голем број присутни гости и почитувачи на делото на великиот Св.Климент Охридски градоначалникот Александар Петрески ги врачи Наградата и трите повелби. На Свечената академија присуствуваа голем број претставници на општествено политичкиот живот на градот, но помина без присуството на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Д-р Михаилов за ТВМ рече дека не присуствувал на свеченоста поради приватни обврски.На доделувањето на наградите не присутвуваа ни претставници од советничк…
Месната заедница од Куратица му откажува послушност на Охридски комуналец. Доаѓа зимскиот период, па повторно на површина испливаа несогласувањата помеѓу Куратица и јавното претпријатие. Деновиве на официјалната веб страна на Куратица, се појави јавно соопштение во кое се бара од ЈП Охридски комуналец да ја поништи ставката за јавна чистота, за овој дел од Охрид. Претседателот на месната заедница Куратица, Горан Ангелоски предупредува дека доколку до 26 овој месец Комуналец не се произнесе по ова барање, веќе од 1ви Јануари иднава година тие нема да ги користат услугите на јавното претприја…
Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Пред присутната публика на овој уникатен настан беа претставени 28 модели изработени од хартија од самите манекенки, ученички во ОСУ „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова. Она што синоќа беше претставено во гимназијата е за почит и воодушевување – модели уникатни, оригинални, несекојдневни. „Современата уметност нуди многу можности, така да можеме да искористиме многу различни материјали, кои предходни имале некоја друга намена, а да ги споиме за да оствариме нек…
„Сите сме под исто сонце“. Под овој наслов годинава се реализираше програмата по повод патрониот празник во ООУ Св. Климент Охридски. Весело, разиграни и распано. Вака протече синоќешната свеченост која беше посветена на децата со посебни потреби, кои се дел од овој образовен центар.„Од минатиот патронат до овој училиштето продолжи да чекори по патот по кој заедно сме го трасирале наставниците, учениците и целиот колектив, а тоа е пат кон подобри успеси, кон квалитетно образование и не само за подобрување на инфраструктурата на училиштето, туку подобрување на квалитетот на образованието со …
102 квадрати од земјиштето од игралиштето од ОСУ Ванчо Питошски, апелациониот суд им го врати на старите сопственици. Оваа одлука која првично ја донесе основниот суд, а ја потврди аплеција, доаѓа по повеќегодишниот судски спор, кој се водеше помеѓу поранешните сопственици Али Фикрие, Бекир Бекири и Зиние Бекироска. „Пресудата не се коментира, туку само се извршува. Дојдоа и извршители и земиштето што е во нивна сопственот им е вратено во владение и веќе е оградено. Да потенцирам дека овде не се работи за денационализација туку тоа е земиште во сопственост на тужителите кои по судски пат си…
„16 дена против насилството”. Во рамките на оваа светска кампања, се одржуваат трибини во десет градови низ Македонија меѓу кои е и Охрид. Истите се организираат на локално ниво од страна на локалните невладини со подршка на институциите и организациите на ОН, присутни во земјава, објаснува Даниела Андоновска од невладината „Македонско женско лоби“.„Верувам дека со овие кампањи и трибини кои ги спроведуваме дека ќе се подигне свеста на широката јавност на целокупното население на мажите на жените кои во најголем број од случаевите кои се пријавени се всушност оние кои го вршат насилството,…
Заштитата на растенијата, пред се на земјоделското производство за нашата држава претставува основна цел. Главно аграрна земја, Република Македонија се соочува со слични проблеми како и земјите во регионот, оттука и решенијата на истите се воглавно слични. 36-то советување за заштита на растенијата кое го организира Здружението за заштита на растенијата од Република Македонија на едно место ги сплоти научните сознанија од областа на земјоделството од целиот регион. Како илустрација за потребата од споделување на овие сознанија е примерот со појавата на карантинскиот штетник тута апсолута ко…
Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Сега на ред се советниците кои веќе на наредната седница ќе се произнесат за овој комплекс кој се протега на 230.000 квадрати. Градските архитекти тука испланирале капацитети кои им недостасуваат на жителите од овој дел на градот. Покрај сместување на универзитетски и средношколски центар планирана е изградба на амбуланта, црква, трговски и спортски центар најавува раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов. „Постојните објекти се во мошне добра конд…