Библиотека

Творештвото на Јовановска, портрет и промоција

Post Views: 90 Поетско – литературна средба со творештвото на авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.Попрецизно, во Охрид во Прличевата одаја промоторите – поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ , „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска, потенцираат од Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското...

Continue reading

Земјоделски штети

Продолжен рокот за пријава на штети во Дебрца

Post Views: 43 Општина Дебрца известува дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината на ден 28.05.2022, наместо 14.06.2022 година ќе биде продолжен до, заклучно со 17.06.2022 (петок) .Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.Покрај барањето секој барател треба да достави:копие од лична карта со изјава за користење...

Continue reading

Охридската цреша помеѓу исток и запад

Post Views: 32 Македонските земјоделци и овоштари се загрижени за извозот на годинешниот род. Стравуваат за пласманот на производите и пазарите каде ќе завршат нивните труд и мака по затворање на традиционалните пазари на Исток по воениот конфликт во Украина. Посебно се загрижени по воведувањето на меѓусебните санкции на нашата земја и Руската Федерација. Вообичаено, во овој период од годината, се договара пласманот на производите, а производителите се исправени пред голема неизвесност, напоменува охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Земјоделците и овоштарите упатуваат апел до Владата...

Continue reading

Обука за млади менаџери

Post Views: 33 Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Граѓанската организација “Инклузија” Ве покануваат да присуствувате на обуката за млади менаџери.Преку оваа обука може да се стекнете со ново знаење и современи бизнис вештини кои ќе бидат од голема помош за вашиот постојан или вашиот иден бизнис, со цел поуспешна работа, поголем профит и опстојување на пазарот во време на економски кризи. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини на 6 теми од 6 предавачи. Сите учесници кои ќе присуствуваат на целиот серијал обуки, ќе се здобијат со сертификат...

Continue reading

Пајак службата ја презема ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 76 Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски Комуналец“...

Continue reading

пожар на трска

Опожарена трска кај Калишта

Post Views: 26 На 14.03.2022 година околу 14 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Истиот ден, пријавено е дека на 13.03.2022 година околу 19 часот настанал пожар во месноста „Краста” во атарот на струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

ЕУ знаме

ЕУ воведува нови санкции против Русија

Post Views: 14 Европската унија утрово официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот и забрана за патување на Роман Абрамович. Сите детали се очекува да бидат објавени подоцна денеска. Забраната дојде по разговорите меѓу лидерите на ЕУ во Версај во четвртокот и петокот. Санкциите се насочени кон 600 руски граѓани, што францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го нарече „историска одлука“. Санкциите се проширени на клучните олигарси, лобисти и пропагандисти кои го туркаат наративот на Кремљ за ситуацијата во Украина, како и на клучните...

Continue reading

struga stanovi

Пораснаа цените на становите во струшко

Post Views: 19 Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување.Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат...

Continue reading

minimalna_plata

Курсот на денарот е стабилен

Post Views: 11 Kурсот на денарот останува стабилен. Народна банка на Македонија денеска одржа седница на Комитетот за финансиска стабилност. Од таму, преку соопштение информираа дека стабилноста на денарот е гарантирана, како и стабилноста на финансискиот систем, кој е подготвен да одговори на предизвиците што би можеле да произлезат од руско-украинскиот конфликт.Од Народна банка на Македонија уверуваат дека сите финансиски услуги непречено се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Надлежните регулатори,...

Continue reading

Се асфалтираше бул. „Македонски Просветители“

Post Views: 14 Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваа денеска. Се асфалтираше делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот.  По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“.Инаку, согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. Изведувач на градежните зафати е АД „И...

Continue reading

Дарувањето крв спасува човечки животи

Post Views: 28 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја спроведува континуирано, посветено и совесно. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.Честитајќи им го 17...

Continue reading

нуркач под вода

Подводна еко авантура со Никола Паскали

Post Views: 5 Подводна мартовска еко авантура низ камерата на Никола Паскали.Охридско Езеро плажа Сарајште, Стар Град. Температура на вода 7° / 8°С . Природата почнува да се буди. Повторно ќе се разбуди во отпад. Ја загадивме водата што ја пиеме, храната станува отровна, воздухот загаден – вели Никола Паскали од НК „Акватек“. Видеото може да го погледнете на следниот линк

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top