Post Views: 2
18 жени од ЈП Нискоградба започнаа хуманитарна акција за помош на жените од поплавените подрачја. Кафе, крем за лице и раце, шампон, пакетчина со елементарни потреби за жените. Со подароците сакаме барем малку да го разубавиме денот на жените од Србија, БиХ и Хрватска, раскажува Орхидеја Топенчарова.
Идејата дошла спонтано поаѓајќи од личните потреби на секоја жена. Хуманиот гест го нарекоа „ Од жени за жени “.
„ Да направиме пакетчина во кутија од кондури да ставиме тоа што мислиме дека и е потребно на една жена. Се водиме од себе си што би сакале да има во пакетчето...
Post Views: 20
Почитувајте го законот без годишна дозвола не собирајте шумски плодови. Во спротивно законскиот престап скапо ќе чини. За годишната дозвола треба да се издвојат 400 денари. Пропишаните казни за оние кои нема да го почитуваат Законот се до 2000 евра. Веќе , една година се спроведува системот за одржливо користење на шумските плодови и ефектите се позитивни информира, Панче Николов директорот на секторот за споредни шумски плодови при ЈП Македонски шуми. Досега во земјава се регистрирани 46 откупни фирми, а над 3000 собирачи на шумски плодови платиле и обезбедиле...
Post Views: 23
Институциите заборавија на одржувањето на хигиената на градската чешма под Чинарот. Таа во топлите денови е вистински спас од жештината но се „дави“ во нечистотија. Граѓаните и туристите кои тука во голем број ја гасат жедта мора да замижат пред грдата глетка. Порачуваат надлежните да не дозволат еден туристички град како Охрид да бидат неодговорни за нејзината хигиена.
Наталожената нечистотија која се пластела со години е недозволива. Околните дуќанџии коментираат дека фонтаната веќе подолго време не ја чисти никој. Внатрешниот дел на фонтанатат последен пат...
Post Views: 12
Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош за поплавните подрачја во Србија и БиХ. Хуманоста на дело ја покажаа учниците, вработените и родителите од ОУ Христо Узунов. Учениците не го кријат задоволствот што можат д апомогнат и да бидат хумани и со својот мал допринос да ги ублажат маките на настраданите.
„ Ние донесовме нерасиплива храна, конзервирана, средства за лична хигиена и вода.“Учениците се свесни дека настраданите луѓе ќе имаат потреба од помош уште долг период, а тие се подготвени и понатака да се органзираат и да помогнат.
„ Одзивот за помош...
Post Views: 15
Охридската противпожарна единица го одбележаа 20-ти Мај Денот на пожарникарите. Голем број гости им го честитаа денешниот ден на пожарниакрите. Меѓу посетителите беа и најмладите охриѓанчина кои се провозија низ градските улици во противпожарните возила. Децата знаат за бројот 193 дека е повикувачки за пожарната, а знаат и што работат пожарникарите.
„ Пожарникарите гасат пожар и спасуваат од неволја. Гасат пожар и земаат деца од пожарите“, објаснуваат децата за работата на пожарникарите.
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески со претставници од Локалната самоуправа...
Post Views: 6
Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на Националниот парк Галичица. Реакција стигна и од Министерството за животна средина и просторно планирање на барањето на параглајдеристите да бидат ослободени од плаќање за летање. Аргументите од ресорното министерство се дека параглејдеристите на туристите им наплаќаат високи цени за летање, а ништо не плаќаат за тоа што ги користат убавините на националниот парк кој се самофинансира.
„ Националните паркови се посебни институции. Владата донесе правилници и подзаконски акти кои се во контекст за управување на НП по...
Post Views: 1
Одземен советничкиот мандат на Томислав Тунтев. Координаторот на советничата група на СДСМ и претседател на општинската организација на партијата е разрешен со 13 гласови ЗА од неговите колеги од позицијата, 7 против и 1 воздржан. Точката за престанување на неговиот мандат беше ставена како итна на дневниот ред на денешната 23 седница која беше прекинувана со неколку паузи за правни толкувања. Предлагач на точката беше советникот од Вмро Дпмне Коста Трифуноски и претседател на Комисијата за верификација на избори и именувања.
„ Согласно одредени членови од Изборниот...
Post Views: 10
Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е дека високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам. Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите. „ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините Огнен Достиноски од НП Галичица.
Мендо Велјаноски, македонски светски првак во...
Post Views: 11
НП Галичица за посетителите од јуни ќе почне со наплата на влезници. Цените за наплатата се формирани, а влезници ќе се купуваат во инфо центрите во Охрид и во Стење, кажува Огнен Достиноски од НП Галичица. Влезниците ќе чинат 30 денари по лице за еднодневен престој, за автомобил ќе се наплаќа 50 денари, а за комби и мини бус 80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари за еден посетител, напоменува Достиноски. Исто толку ќе чини еднодневно кампирање кое е дозволено единствено во локалитетот...
Post Views: 1
Охрид стана дел од мрежата на европски градови со езера. Во италијанскиот град Исео градоначалникот Никола Бакрачески го потпиша меморандумот за пристапување на семејството на езерски градови од 11 европски земји. Создавњето на мрежа на градови со езера ќе овозможи поблиска соработка меѓу членките во областа на туризмот, културата и размена на искуства од секојневното живеење во европските градови со езера, ја појаснува придобивката од оваа соработка преставникот од Тлер, Антонио Балески.„ Основна цел е формирање на европска мрежа на градови со езера и секако искористување ...
Post Views: 1
Единственото туристичко биро Лихнидос ќе оди под стечај. Објаснувањето на општината за ваквата одлука е нерентабилното работење на Лихнидос ДООЕЛ. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски при тоа не наведува кои се причините зошто тоа работи со загуби. Кратко вели дека концептот на поставеноста на туристичкото информативно биро кое работи осум години бил погрешен со низа слабости од самиот почеток на неговото формирање. Овој правен субјект повеќе од месец и половина работи со блокирана жиро сметка, укажува Џамтоски.„ Повеќе од 45 дена според извештајот на Централниот...
Post Views: 4
На престојната седница в петок на дневен ред пред советниците ќе се најдат триесеттина точки. Градските избраници ќе се изјаснуваат по предлог одлуки од реализирани програми во изминатите три месеци, како и за финасиски извештаи од ТЛЕР и Јавните претпријатија. На усвојување ќе биде ставен и општинскиот Буџет за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година. Покрај овие точки ќе се разгледуваат и извештаите за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01. 01 – 31.03.2014 година. Советниците...