Охридската единица го одбележа Денот на пожарникарите

Охридската единица го одбележа Денот на пожарникарите.

 |  Валентина Неловска  | 
pozarna
pozarna

Охридската противпожарна единица го одбележаа 20-ти Мај Денот на пожарникарите. Голем број гости им го честитаа денешниот ден на пожарниакрите. Меѓу посетителите беа и најмладите охриѓанчина кои се провозија низ градските улици во противпожарните возила. Децата знаат за бројот 193 дека е повикувачки за пожарната, а знаат и што работат пожарникарите.

pozarna„ Пожарникарите гасат пожар и спасуваат од неволја. Гасат пожар и земаат  деца од пожарите“, објаснуваат  децата за работата на пожарникарите.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески со претставници од Локалната самоуправа ги посети припадниците на противпожарната единица. При тоа им посака успшена работа, но што помалку случаи за решавање кои ги загрозуваат човечките животи и уништуваат  материјални добра.

„ Да упатам јавна благодарност до сите вработени во оваа едница за нивната досегашна работа и посветеност во обавување на активностите кои тие ги имаат преземено на сопствен ризик за да ги спасат материјалните добра и животите на луѓето. Задоволството  е општо, не само мое лично или на Локалната самоуправа туку и на граѓаните. Тие се задоволни од работата  на пожарникарите и начинот со кој  секојдневно се справуваат со пожарите кои ги имало во градот и околината.“
pozarna
Спасе Прентоски, командир на противпожарната едница Охрид, кажа дека успешно ги вршат активностите од заштита на пожарите. Секоја година на територија на Охрид и Дебрца се случуваат околу 200 пожари. Лани биле  евидентирани 223 пожари  на отворени простори и на објекти.

„ Оваа година до денес 20 мај, има 142 интервенции од кои 74 интервенции се на објекти, 66 пожари се на отворени простори и 2 интервенции се на сообраќајни средства. 41 интервенции се при спасување на животни, влегување преку балкони и други необични случаи.“

Прентоски упати апел до охриѓани  во текот на летниот период да бидат крајно совесни во однесувањето кон животната околина. Предупреди дека можните летни суши може да имаат  катастрофални  последици доколку не се внимава каде се палат огнови за скара.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top