Охрид дел од европската мрежа на градови со езера

Охрид  дел од европската мрежа на градови со езера.

 |  Валентина Неловска  | 
Kaneo
Kaneo

Охрид стана дел од мрежата на европски градови со езера.  Во италијанскиот град Исео градоначалникот Никола Бакрачески го потпиша меморандумот за пристапување на семејството на езерски градови од 11 европски земји. Создавњето на  мрежа на градови со езера ќе овозможи поблиска соработка меѓу членките во областа на туризмот, културата и размена на искуства од секојневното живеење во европските градови со езера, ја  појаснува придобивката од оваа соработка преставникот од Тлер, Антонио Балески.
ezero
„ Основна цел е формирање на европска мрежа на градови со езера и секако искористување  на сите потенцијали кои ги имаат градовите со езера. Од аспектна остварување на поблиска соработка помеѓу граѓаните и општините од различни градови  со езера од различни европки држави. Искористување на можносите за развој на туризмот и поврзувањето на тие области  и култура на одржлив развој и од заштита на животната средина.“

На средбата во Исео акцент се ставило  на неопходноста од подготовка на заеднички партнерски предлог проекти, кажува Балески. Разгледани биле можностит за аплицирање во различни европски програми. Европската унија во програмата за развој  за периодот 2014 – 2020 година нуди програми за кои ќе има можност наменски  да се искористат.  

Ohrid

„Особено од искористување на искуство и знаења кои ги имаат европските партнери во однос на различни области од живеењето. Од областа на управување во езерата, од целокупното живеење, одржливиот развој на туризмот и од придонесот на локалната економија, изнаоѓање на нови пазари за локалните производи и поврзување на младите од Охрид со останатите партнери, како и нивно учество на разни европски настани.“

Охридската делегација учествуваше и на 5-то издание на Фестивалот на езера од Италија и Европа. На овој културен настан  беа  промовирани сите аспектиод живеењето на градовите со езера, напоменува Балески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top