Туристичкото биро Лихнидос ќе оди во стечај

Туристичкото биро Лихнидос ДООЕЛ ќе оди во стечај

 |  Валентина Неловска  | 
Lihnidos
Lihnidos

Единственото туристичко биро Лихнидос ќе оди под  стечај. Објаснувањето на општината за ваквата одлука е нерентабилното работење на  Лихнидос ДООЕЛ.  Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски при тоа не наведува кои се  причините зошто тоа работи со загуби. Кратко вели дека концептот на поставеноста на туристичкото информативно биро кое работи осум години бил погрешен со низа слабости од самиот почеток на неговото формирање.  Овој правен субјект повеќе од месец и половина работи со блокирана жиро сметка, укажува Џамтоски.
Lihnidos
„ Повеќе од 45 дена според извештајот на Централниот регистар, ние ја имаме документацијата, и најверојатно в петок ќе се донесе одлука за да се поведе стечајна постапка според Законот за стечај. Во моментов Лихнидос е само со еден вработен, неговиот  управител. Како ќе се одвиваат работите понатка дали ќе се возобнови или ќе се најде друга форма во ТЛЕР затоа ќе зборуваме по завршување на стечајната постапка во Лихнидос.“
 
Управителот на Лихнидос ДООЕЛ пак, не се согласува со ставот на општината, да се  згасне бирото. Смета дека тоа е неоправдано решение Охрид да се остави без туристичко биро.

Управителот на Лихнидос ДООЕЛ, Елена Ристеска смета дека лош избор е на Локалната самоуправа да го  згасне постоењето на бирото. Според неа решение за ренатабилно работење би било ставање на ред со дивите чекачи кои ги има во голем број околу автобуската станица каде што е и лоцирано туристичкото биро.  

LihnidosРистеска објаснува дека нивна работа било да посредуваат во сместување на туристи кај станоиздавачи од мал обем и за тоа да добиваат  одреден процент.  За два месеци работа мината година,  во услови на нелојална конкуренција, биле реализирани само 12.000 денари напоменува Ристеска.   Таа  прашува како може општина Дојран со 2000 легла да има туристичко биро, а Охрид со 18.000 легла да остане без туристичко информативно биро. Но, покрај нелојалната конкуренција се соочувале  и со други слабости.  Посочува дека немале доволно  промотивен информативен материјал за градот. Во нивните работни обврски стои обезбедување приход и од продажба на сувенири, но Бирото не можело  да ја реализира оваа дејност заради тоа што немале фискален апарат. Никој не се потруди да ги чуе и да ги реши нашите  проблеми, нагласува Ристеска.  
Сега , во петок советниците ќе се произнесат и ќе одлучат за судбината на Лихнидос ДООЕЛ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top