Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош

Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош.

 |  Валентина Неловска  | 
помош
помош

Охриѓани несебично се вклучуваат во собирање помош за поплавните подрачја во Србија и БиХ. Хуманоста на дело ја покажаа учниците, вработените и родителите од ОУ Христо Узунов. Учениците не го кријат задоволствот што можат д апомогнат и да бидат хумани и со својот мал допринос да ги ублажат маките на настраданите.

помош„ Ние донесовме нерасиплива храна, конзервирана, средства за лична хигиена и вода.“
Учениците  се свесни дека настраданите  луѓе ќе имаат потреба од помош уште долг период, а тие се подготвени и понатака  да се органзираат и да помогнат.

„ Одзивот за помош не треба да трае само неколу дена зошто на нашите соседи од БиХ и Србија ќе им треба помош и понатака.“

Директорот на ОУ „ Христо Узунов“, Тони Симоноски  напоменува дека во корелација со општинскиот Црвен крст одлучиле да донираат храна, средства за лична хигиен а и вода, материјална  помош која во моментов е најнеопходна за настраданите луѓе.

помошОвој пат навистина потребни на нашите пријатели од Бих и Србија, можеби со еден скромен начин на нашите ученици, вработени и родители, ќе придонесеме некому да се најдат во првичниот момент.Секако дека стоиме на рсаполагање како институција да помогнеме ипонатка на нашиет пријатели.“

Од срце за пријателите и соработниците од српските Ротари  клубови за помош се активираа и младите ротаријанци од Охрид.  Од денес па се до четврток на градскиот плоштад од 12 до 18 часот ќе прибираат материјална и парична помош. Драган Задравески од Ротаракт апелира до сограѓаните кој колку може да се приклучи во хуманата акција со свои донации.

„ Добивме директно барање од нив за помош. Се одлучивме како и во апелите во нивните земји да собираме храна, вода. За разлика од Ротаријанците во Македонија, тие ќе одат со парични средства, ние исто така ќе собираме парична помош, но и класично прибирање на материјална помош.“  

Во хуманитарната акција се приклучи и охридската  компанија  Мода калцини.  За настраданите подрачја во Србија и Бих од нивниот производствен асортиман испратија 7 000 пара чорапи и детски хулахопки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top