НП Галичица од јуни ќе почне да наплаќа влезници

НП Галичица од јуни ќе почне да наплаќа .

 |  Валентина Неловска  | 
galicica
galicica

НП Галичица за посетителите од јуни ќе почне со наплата на  влезници. Цените за наплатата се формирани, а влезници  ќе се купуваат во инфо центрите во Охрид и во Стење, кажува Огнен Достиноски од НП Галичица.  Влезниците ќе чинат 30 денари по лице за еднодневен престој,  за автомобил ќе се наплаќа 50 денари, а за комби и мини бус  80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари за еден посетител, напоменува Достиноски. Исто толку ќе чини еднодневно кампирање кое е дозволено единствено во локалитетот Корита, а за поставување на шатор посетителите ќе треба да издвојуваат 150 денари.
Galicica
„ Овие средства се предвидени за зголемена заштита на природата  во паркот , како и за изработување на промотивен материјал.Тој ќе биде разделен на посетителите и на туристичките агенции и сите заинтересирани кои сакаат да го посетат паркот“, кажува Достиноски.

За уживање во природните убавнини на националниот парк ќе се наплаќа и на параглајдеристите.  За нив билет ќе чини 300 денари за 30 минути лет, додека целодневно полетување ќе ги чини 1000 денари.  Од јуни нема бесплатно користење и на природните  убавини и за комерцијални цели. Дневно снимање за фотографии ќе се наплаќа по 10.000 денари, додека за снимање од воздух за комерцијални потреби ќе чини 20.000 денари.
За почитувањето на наплатат на влезниците ќе се грижат контролори од НП Галичица, појаснува Достиноски.
Galicica 
„ На потегот  кај Баба ќе има контрола од НП Галичица.  Заинтерсираните кои ќе сакаат  да го посетат паркот влезници ќе може да купуваат  во инфо центрите  во Охрид и во Стење. Кога ќе се сретнат со нашите контролори во паркот треба да ги  покажат картите и да продолжат со движењето низ паркот.“   

Досега  единствено за влез се наплаќаше за посета на  инфо центрите во Охрид и Стење и  за  изворите  во Свети Наум.  Со новиот ценовник влезници за посета на НП Галичица нема да се наплаќа за жителите на Охрид и Ресен.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top