„Од жени за жени“ хуманитарна акција на вработените од ЈП Нискоградба

„Од жени за жени“ хуманитарна акција на вработените од ЈП Нискоградба.

 |  Валентина Неловска  | 
paketcina
paketcina

18 жени од ЈП Нискоградба започнаа  хуманитарна акција за помош на жените од поплавените подрачја. Кафе, крем за лице и раце, шампон, пакетчина со елементарни  потреби за жените. Со подароците сакаме  барем малку да го разубавиме денот на жените од Србија, БиХ и Хрватска, раскажува Орхидеја  Топенчарова.

zeniИдејата дошла спонтано поаѓајќи од личните потреби на секоја жена. Хуманиот гест го нарекоа „ Од жени  за жени “.

„ Да направиме пакетчина во кутија од кондури да ставиме тоа што мислиме дека и е потребно на една жена. Се водиме од себе си што би сакале да има во пакетчето тоа и ќе има. Ќе ги подготвиме за некоја од жените од настраданите подрачја“, Орхидеја Топенчарова.

 Иницијативата на жените од Нискоградба ја поддржале и нивните колеги од посилниот пол. Несебично кон акцијата  се приклучиле и  денес во просториите на претпријатието биле  донесени првите пакетчина. Тоа се работи кои можеби ќе бидат превидени од останатата хуманитарна помош.

жени„ Најмногу да обрнеме внимание да има производи за лична хигиена со која би дале придонес за да се одржува на повисоко ниво. Во моментов таму се шират разни инфекции и тоа им е најпотребно“, смета Икономовски.

Оваа акција е во координација со Црвениот крст, а   се отворени за  граѓаните кои имаат добра волја да помогнат. Пакетчината може д а ги доставуваат лично во ЈП Нискоградба и кафулето Ликвид. Подготвени се за сограѓните кои нема да можат да ги достават во овие два објекти да ги подигнат тие. Хуманата акција ќе трае се додека има интерес од вработените и од граѓаните.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top