Фонтаната кај Чинарот заборавена од надлежните

Фонтаната  кај Чинарот заборавена од надлежните.

 |  Валентина Неловска  | 
fontana
fontana

Институциите заборавија на одржувањето на хигиената на градската чешма под Чинарот. Таа  во топлите денови е вистински спас од жештината но се „дави“ во нечистотија. Граѓаните и туристите кои тука во голем број ја гасат  жедта мора да замижат пред грдата глетка. Порачуваат надлежните да не дозволат  еден туристички град како Охрид да бидат неодговорни за нејзината  хигиена. cesma

 

 

Наталожената нечистотија која се пластела со години е недозволива. Околните дуќанџии коментираат дека фонтаната веќе подолго време не ја чисти никој. Внатрешниот дел на фонтанатат последен пат го исчистиле пред    2 -3 години вработените од еден дуќан во непосредна близина.  Состојбата со градската фонтана одава слика дека таа е  заборавена од надлежните.

 

cesma

Одржувањето на хигиенат на јавната чешма кај Чинарот досега не беше задолжение на никого. Од јавното претпријатие Комуналец информираат дека од денес натака нивна должност ќе биде одржувањето на хигинета.

Од Локалната самоуправа информираат дека контролата за чистотата е наделжност на Главниот општински инспекторат. Тие  даваат налог за нејзино одржување.  Од фактичката состојба се заклучува дека за хигиената на јавната градска  чешма  потфрлиле комуналните инспектори. 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top