Post Views: 0
Институциите продолжуваат со крајна негрижа кон охридскиот чинар. Гранката која се преполови во декември 2012 година е сведок за крајно дволичниот однос на институциите кон заштитениот споменик на животната средина. Никој не презеде грижа да се санира дрвото или да се предложи што ќе се преземе понатака. Од Локалната самоуправа тврдат дека до министерството за животна средина и просторно планирање се обраќале за да се произнесат за заштита на чинарот.„ Од тогаш досега 10-ци писма , извештаи и информации се испратени до Министерсвото. Тие испратија во јануари 2012 година...
Post Views: 4
Охридските стрелачи се закитија со 5 медалји во сениорска и јуниорска категорија. 2 златни, 1 сребрена и 2 бронзени медалји е резултатот од завршеното државно натпреварување во спортско стрелаштво одржано викендов во Битола. Охридските стрелци Михаил Шишкоски, Горан Здравески, Нина Балабан, Ангела Алексовка, Мартин Гоџоски, Васко Попоски и Јана Маркоска се задоволни од постигнатите резулатати. Но, последните потези на ССФМ директно им нанесуваат неправда, реагираат младите стрелачи. Ангела Алексовска е член на клубот 3 години. Иако имав освоено минимална олимписка...
Post Views: 1
Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година. „Оваа престижна награда која ни ја додели Министерството за економија е мотив повеќе за и оваа година да се потрудиме да донесиме светски имиња на овој фестивал кои ќе привлечет голем број посетители од земјава, но и од регионов, вели директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска. Таа додава дека минатата година се закитиле со уште една многу важна награда а тоа е концерт на годината. Тоа е настапот на Шиштов Пендерецки заедно со македонската филхармонија.
–Благодарение на полската вечер...
Post Views: 7
Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Невладината организација „Анималиа“ организираше трибина под мотото „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ на која учество зедоа поголем број граѓани, љубители или сопственици на кучиња. Дел од нив револтирано дискутираа за проблемот кој години наназад се става под тепих од страна на надлежните.
–Кај мене во улицата се родија 16 мали кучиња. За тоа ги информирав надлежните, но никој не дојде. После некое време дојдоа од Комунално ги собраа во торба и којзнае каде ги однесоа. Сигурно ги фрлија некаде....
Post Views: 3
Пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, препорачуваат од Центар за јавно здрвје Охрид.. Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 01.06.2014 год. (недела) и 02.06.2014 год. (понеделник), екипите на Центар за јавно здравје – Охрид ќе спроведат запрашување против комарци од земја.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот, со апарат за ладно запрашување. Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со дезинсекцијата...
Post Views: 3
Инвестирањето во спортската култура од најмали нозе кај децата е вистинско вложување во здрава нација, вели проф. д-р Вуица Живковиќ, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје од Скопје. Живковиќ укажува дека нивната институција е мала, годишно зашишуваат околу 120 студенти.
„Не е точно дека нашиот кадар е суфицитарен, доколку се почитува законот за спорт ќе се увиде дека државата е гладна за нашиот кадар“, смета Живковиќ. Постојат голем број клубови во кои кога би се ангажирал стручен кадар би имало дефицит од едуцирани тренери и професори, посочува...
Post Views: 1
Сулфатарата Дувало во Косел не е опасна за населението и околината. По синоќешните натписи на некои домашни медиуми дека вулканот во Косел се разбудил веста одекна на Балканот, но и во светот. Утрово сулфатарата во Косел ја посетија градоначалникот Никола Бакрачески и Љупчо Прескакулов од дирекцијата за заштита и спасување. Од добиените информации од повеќе надлежни институции во земјава тие смируваат дека нема место за паника и вознемиреност.
„ Се работи за сосема природна појава. Се случува со промените на временските прилики, а која е проследена со излегување на...
Post Views: 49
Приватното средно училиште Јахја Кемал едуцира светски умови. Ова е прво приватно училиште формирано во 1996 година со одлука на Владата. Во оваа средношколска образовна институција се едицираат голем број квалитетни кадри. Досега над 100 -тина завршени средношколци се запишале на престижни светски образовни институции.
Информатичари, математичари физичари и економисти од земјава се стекнале со диплома или студираат со целoсни стипендии на најпрестижните светски универзитети, како што се Харвард , Кенбриџ, EM-AJ -TИ. Само оваа година 15 ученици добија стипендии...
Post Views: 6
Охридските атлетичари не учествуваа на квалификациониот куп на Македонија за сениори и сениорки. За прв пат останаа без лични резултати кои требаше да им ги отворат вратите за учество во натпреварот на Европското првенство во Грузија. Атлетскиот клуб Охрид е во финасиска криза, а Локалната остана глува на барањето на раководствотo на клубот да ги поддржи охридските атлетичари за натпреварите, вели тренерот на клубот професор Влатко Димитров. Тренерот Димитров ова го смета за голем пораз на атлетскиот клуб кој има близу 4 децениска традиција. Како што вели по...
Post Views: 7
За престојната туристичка сезона Охрид ќе добие два инфо центри. Гостите ќе имаат можност информации да добиваат во туристичкото биро на северниот влез во градот и во инфо центарот кај поштата. Сепак инфо центарот на влезот во Охрид од Струга нема да се дислоцира, најавува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР. По една година пауза повтороно ќе биде ставен во функција. Ќе биде подобрена неговата сигналиацијата и видливост, а ќе се изгради и пристепен пат сопаркинг простор од Булевар Туристичка до овој објект, објаснува Апостолов.
Изградбата на инфо центрот пак наспроти поштата ќе...
Post Views: 3
Варошани имаат поделени размислувања за поставените бетонски столпчиња околу црквата Св. Софија. Некои граѓани гледаат со одобрување и ја поздравуваат одлуката на Локалната самоуправа. Време беше да се стави ред во овој хаос велат жителите кои го одобруваат потегот. Околу црквата се паркираа не само жителите туку гостите и персоналот од бројните кафулиња. Пристапот до црквата, но и до домовите беше невозможен за брза помош или против пожарно возило, ги набројуваат аргументите луѓето кои се за оваа одлука. Додаваат дека некои од соседите ги претвориле гаражите во апартмански...
Post Views: 4
Охридските матуранти на градскиот плоштад по 9-ти пат го одиграа квадрилот. 450 средношколци од трите охридски училишта танцуваа на звуците операт на Штраус „Лилјакот“, а заиграа и салса. Завршувањето на средното образование на сите охридски ученици им го честита градоначалникот Никола Бакрачески. Тој им порача да продолжат со школувањето и да бидат среќни. Но, да ги направат и другите околу нив да се чувствуваат среќно.
„ Пред Вас е отворен нов пат кој секој посебно ќе го осмислува и ќе го поминува. Бидете достоинствени и храбри да се соочите со предизвиците...