Охридските стрелци успешни но без поддршка од нивната федерација

Охридските стрелци успешни но без поддршка од нивната  федерација.

 |  Валентина Неловска  | 
strelci
strelci

 Охридските стрелачи се закитија со 5 медалји во сениорска и јуниорска категорија. 2 златни, 1 сребрена и 2 бронзени медалји е резултатот од завршеното државно натпреварување во спортско стрелаштво одржано викендов во Битола. Охридските стрелци Михаил Шишкоски, Горан Здравески, Нина Балабан,  Ангела Алексовка, Мартин Гоџоски, Васко Попоски и Јана Маркоска се задоволни од постигнатите резулатати. Но, последните потези на ССФМ  директно  им нанесуваат неправда, реагираат младите стрелачи. Ангела Алексовска  е член на клубот 3 години. Иако имав освоено минимална олимписка норма не бев пријавена од ССФМ на сениорскиот светски куп во Сул, кој пак имаше квалификациони норми за настап на младинската олимпијада која претстои во август во Кина, вели Алексовска.
strelci
„ Јас и тренерот Тина Гоџо напорно трениравме, но федерација од за мене нелогични причини не сакаше да не пријави. Поради тоа сум многу разочарана бидејќи тоа ми беше прва и последна шанса да настапам на младинската олимпијада  поради моите години. Имам  17 години , а на 18 не може да се настапува на младинската олимпијада. Сепак не се откажувам, но вакави работи се случуваат во повеќе спортови, а не само во мојот. Има и други спортисти кои имаат исти или слични проблеми. Сметам дека треба повеќе да се внимава на спортот во Македонија.“

Последниот успех на охридските стрелачи  го засенуваат неразбирливи  случувања во стрелачката федерација, вели тренерот на клубот Охрид, Валентина  Гоџоска.   Таа  додава дека стрелаштвото во земјава тоне, клубовите не се регистрираат, врвни стрелачки имиња го напуштаат спортот. За тоа е доказ и последното случување на државниот натпревар што се одржа во Битола, вели Гоџоска. Не учествуваа прилепскиот, велешкиот клуб, а од останатите не присуствуаа голем број стрелачи. ССФМ направи неправда и не дозволи две стрелачки од нашиот клуб да учествуваат на сениорскиот куп во Сул, Германија кој  беше квалификационен и влез за младинската олимпијада во Кина. Од таму ни побараа  на нивна сметка да уплатиме 3000 евра или 180 .000 денари без да биде прецизирано за што се уплаќаат парите, кажува Гоџоска. Досега не добила одговор зошто се тие пари, напоменува тренерот Гоџоска.
документ
„ Од федерација молк немам сеуште добиено информација зошто им беа потребни 3000 евра, иако самото пријавување е 60 евра со задоцнување. Останатите трошоци, храна, сместување, превоз, трансфер и превoзот на оружје за кое има  посебна процедура, ќе чинеше 3 пати помалку од побараните средства“, вели тренерот Гоџоска.

Клубот се обратил за помош и до Агенцијата за млади и спорт и до Македонскиот Олимписки Комитет. Од таму им одговриле дека тие не се арбитри и спорот да го решат помеѓу клубот и спортската стрелачка  федерација. Обидот да  стапи во контакт со претседателот на спортската стрелачка федерација  Владимир Пандовски останал без успех, раскажува Гоџоска. 

„ Јас како тренер и клубот кои сме директно засегнати со проблемот не може да градиме стрелци, а нашите стрелци да не може да настапуваат никаде заради каприц на федерацијата.  Ако имаат нешто против мене казнете ме мене, а не да ги казнувате моите стрелци “, укажува Гоџоска.

Ваквите случувања одат во прилог на пропаѓање на клубот. Од септември има најава дека повеќето од 20 -тината активни  членови на клубот ќе го напуштат стрелаштвото со што ќе пропадне  догогодишниот вложен труд во овој спорт, се жали тренеротГоџоска.

И ТВМ се  обиде да стапи во контакт со Владимир Пандовски, но во спортската стрелачка федерација побараа  писмено да им ги доставиме  прашањата. Сакаваме да дознаме од претседателот Пандовски зошто  федерацијата не им дозволи на охридските стрелачки Ангела Алексовска и Нина Балабан да отпатуваат во Сул,  Германија  и што требаше да покрие  бараната сума од 3000 евра.  

Од стрелачкиот клуб Охрид најавуват дека за случувањата во Спортската стрелачка федерација ќе го известат и премиерот Никола Груески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top