„Вулканот“ во Косел не е опасен

„Вулканот“ во Косел не е опасен.

 |  Валентина Неловска  | 
vulkan
vulkan

Сулфатарата Дувало во Косел не е опасна за населението и околината. По синоќешните натписи на некои домашни медиуми дека вулканот во Косел се разбудил веста одекна на Балканот, но и во светот. Утрово сулфатарата во Косел  ја посетија градоначалникот Никола Бакрачески и Љупчо Прескакулов од дирекцијата за заштита и спасување. Од добиените информации од повеќе надлежни институции во земјава тие смируваат дека нема место за паника и вознемиреност.

„ Се работи за сосема природна појава. Се случува со промените на временските прилики,  а која е проследена со излегување на поголемо количество на водороден сулфид и јаглероден диоксид од пукнатините на вулканот. Нема загрозување ни по здравјето на луѓето ни по околината“, изјави градоначалникот Бакрачески.
вулкан
Љупчо Прескакулов, овластен советник од Дирекцијата за заштита и спасување  ги негира дезинформациите кои се појавија во јавноста дека вулканот се рабудил и станал активен.

„Последната информација која ја имаме од Институтот за сеизмологија и земјотреси е дека на овој простор не е забележана никаква сеизмичка активност. Се работи за нормално излегување од гасови на H2S и јаглероден диоксид. Нормално  со затварањето на некои дупки заради дождовите се отвараат нови. Можеби и насипот кој е тука е несреќно одбран каде што се одлагал  шут и се затвориле природните отвори, а гасот мора да излегува надвор  и има најдено други процепи“, укажа Прескакулов.

Мите Мојсоски, 62 годишен жител од Косел, вели дека местото и вулканот му се  многу добро познати. Објаснува  дека вчера излегувал чад од вулканот, но жителите не се вознемириле. Јас сум лаик но кратерот на вулканот е затрупан со градежен шут без притоа да се консултира експерт, раскажува Мојсоски.

„ Пред две -три години кратерот на вулканот беше затрупан со шут кој го одлагаа жителите, а комуналец ја  чистеше депонијата од градежниот отпад. При тоа кратерот на вулканот беше затрупан со градежниот  шут, а гасовите мораше да избијат на друго место. Кратерот е на 5 метри, а гасовите мораа некаде  да излегуваат и тоа се случи што се случи “, појаснува Мојсоски.
вулкан
Дејан Паноски од Министерството за животна средина и просторно планирање, смета дека вулканот треба  да се доистражи и да се искористи во туристички цели.
„ Ова е пост вулканска природна реткост која ја има само овде во Југоисточна Европа. Наши заложби со години наназад се да се посвети поголемо внимание. Не од аспект на опасност туку на дополнително истражуавње и испитување, а посебно и од аспект  една ваква природна реткост мора да ја искористиме како туристичка атракција. Да се има ваква поствулканска појава во регионот, а да не се искористи во туристички рамки е вистинска штета“, кажа Паноски.

Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека Локалната самоуправа има изготвено проект Сулфатарата Дувало да се стави во туристичка понуда на градот. Веќе биле испечатени  флаери со  кои локалитетот ќе се искористи за туристичка промоција на оваа природна реткост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top