Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година

Фестивалот Охридско лето се закити со многу престижни награди за минатогодишното издание. И оваа година најавуваат звучни имиња и врвен квалитет.

 |  Валентина Неловска  | 
ohridsko leto
охридско лето

Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година.елизабета јанкуловска „Оваа престижна награда која ни ја додели Министерството за економија е мотив повеќе за и оваа година да се потрудиме да донесиме светски имиња на овој фестивал кои ќе привлечет голем број посетители од земјава, но и од регионов, вели директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска. Таа додава дека минатата година се закитиле со уште една многу важна награда а тоа е концерт на годината. Тоа е настапот на Шиштов Пендерецки заедно со македонската филхармонија.

Благодарение на полската вечер и полската амбасада уметниците од македонија заслужено го добија епитетот за најдобар концерт на годината. Само можам да кажам дека со сите овие признанија бевме многу повеќе мотивирани да работиме уште понапорно и да создадеме уште едно прекрасно Охридско лето, вели Јанкуловска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top