Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов

Кучињата скитници, проблем кој надлежните години наназад го ставаат под тепих. Невладината организација „Анималиа“ денес организираше трибина под мотото „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ на која учество зедоа поголем број граѓани, љубители или сопственици на кучиња, кои револтирано дискутираа за моменталната состојба во градов.

 |  Валентина Неловска  | 
baner
банер

Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Невладината организација „Анималиа“ организираше трибина под мотото „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ на која учество зедоа поголем број граѓани, љубители или сопственици на кучиња. Дел од нив револтирано дискутираа за проблемот кој години наназад се става под тепих од страна на надлежните.јана

Кај мене во улицата се родија 16 мали кучиња. За тоа ги информирав надлежните, но никој не дојде. После некое време дојдоа од Комунално ги собраа во торба и којзнае каде ги однесоа. Сигурно ги фрлија некаде. Побарав да се стерилизираат, но не добив никаков одговор, вели револтирана граѓанка.tribina

Претседателот на НВО „Анималиа“, Климент Арнаудов вели дека оваа организација постои од есента минатата година. Тие досега згрижиле педесеттина кучиња, но додава дека тие сами не можат да го решат овој проблем. Бараат активно учество да земат граѓаните, а посебно Локалната самоуправа. Тие повеќе пати се обратиле до службите во Локалната на кои им предочиле колкава е сериозноста на проблемот, но досега не добиле никаков повратен одговор.

-Конкретно на хартија немаме ништо добиено. Сеуште импровизираме со прифатилиштето во кое има четири кафези кое ни ги даде Комуналец. Се трудиме и секојдневно ја притискаме Локалната со дописи за да се позанимаваат посериозно со овој проблем, но не се обрнува големо внимание како ова да е спорадичен проблем и како да има поприоритетни проблеми кои треба да се решаваат, вели Арнаудов.

Претседателот на „Анималиа“ сепак се надева дека многу скоро ќе се пристапи кон решавање на овој проблем  и дека ќе се изгради еден современ стационар каде бездомните животни ќе се третираат на хуман и етички начин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top