Негрижата кон охридскиот чинар продолжува

 Негрижата кон охридскиот чинар продолжува.

 |  Валентина Неловска  | 
cinar
cinar

Институциите продолжуваат со крајна негрижа кон охридскиот чинар. Гранката која се преполови во декември 2012 година е сведок за крајно дволичниот однос на институциите кон заштитениот споменик на животната средина. Никој не презеде грижа да се санира дрвото или да се предложи што ќе се преземе понатака. Од Локалната самоуправа тврдат дека до министерството за животна средина и просторно планирање се обраќале за да се произнесат за заштита на чинарот.
cinar
„ Од тогаш досега 10-ци писма , извештаи и информации се испратени до Министерсвото. Тие испратија во јануари 2012 година тим предводен од Димитар Ролевски , координатор на проектото за заштита на чинарот. Увид немаме, како Локална самоуправа неможеме ништо да преземеме.“

Портпаролот на Локаланата самоуправа Томе Џамтоски кажува дека за заштита  на охридскиот чинар и останатите два во градот се планирани во буџетот околу 530.000 денари. Во последното писмо од 7 јули 2013 до ресорното министерство бараме да се произнесат и да преземат соодветни мерки да го продлжат или завршат проектот. По скоро една година од таму молк, немаме никаков одговор, напоменува Џамтоски.

„ Доволно е тие да кажаат нека испратат свои експерти што треба да се прави согласно законот. Она што се налага, што ќе го кажаат експертите ние имаме предвидени средства за оваа година за заштита на трите чинари.“
cinar
Димитар Ролевски координаторот на проектот за заштита на чинарот, за ТВМ  кажа дека заминува во пензија и не упати да се обратиме на раководителот на одделението за заштита на природата Александар Настов. Не кажа што ќе се случува со чинарот, но затоа потсети дека поранешната локална самоуправа од 112.000 денари на име конзерваторски услуги ја исплатила само сумата до 56.000 денари и дека се води судски спор.  Од портпаролот на ресорното министерството Сашо Секулоски добивме информација дека Настов е на службен пат во странство и за поконкретни инфомации ќе мора да почекаме по неговото враќање.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top