Заштите ги пчелите ќе се прска против комарци

Заштите ги пчелите ќе се прска против комарци.

 |  Валентина Неловска  | 
пчели
пчели

Пчеларите и пчеларските задруги да  преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, препорачуваат од Центар за јавно здрвје Охрид.. Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 01.06.2014 год. (недела) и 02.06.2014 год. (понеделник), екипите на Центар за јавно здравје – Охрид ќе спроведат запрашување  против комарци од земја.

пчели

Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот, со апарат за ладно запрашување. Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежје на потег од с. Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, како и потегот од река Грашница до Коселска река.

 

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top