Инвестирањето во спортот е влог во здравјето на нацијата

Инвестирањето во спортот е влог во здравјето на нацијата.

 |  Валентина Неловска  | 
sport
sport

Инвестирањето во спортската култура од најмали нозе кај децата е вистинско вложување во здрава нација, вели проф. д-р Вуица Живковиќ, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје од Скопје.  Живковиќ укажува дека нивната институција  е мала, годишно зашишуваат околу 120 студенти.

„Не е точно дека нашиот кадар е суфицитарен, доколку се почитува законот за спорт ќе се увиде дека државата е гладна за нашиот кадар“, смета Живковиќ. Постојат голем број клубови во кои кога би се ангажирал стручен кадар би имало дефицит од едуцирани тренери и професори, посочува деканот. Објаснува дека во образовниот систем недостасува стручна спортска едукација на најмалите во предучилишните установи и на учениците од 1 до 4 одделение. Деканот Живковиќ дава свое видување и за финскикаат криза во која се наоѓаат голем број спорстки клубови, а  млади врвни спортисти се откажуваат од разни спортски дисциплини заради недостаток на финансиска поддршка на клубовите. спорт

„ Порано спортот беше уставна категорија, а сега не е уставна облигација. Оставено е на општествената одговорност и на институциите. Ние сме сведоци дека одредени фирми инвестираат, но не доволно. Тие инвестираат во врвен спорт каде што имаат можност да ги оплодат парите, но не инвестираат во помалите клубови каде што треба да е правата инвестиција“, вели  Живковиќ.

За финансирањето на спортските клубови од Агенцијата за млади и спорт велат дека немаат законска обврска. Нагласуваат дека ги помагаат само спортските федерации, а за поддршка на клубовите ги посочуваат како одговорни Локалните самоуправи и бизнис заедницата.  Оградувајќи се од надлежностите за финсирање на клубовите кои се расадник за спортски таленти кои подоцна станува дел од федерациите, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески кажува дека тие како владина институција постојано работат на унапредување на спортот во земјава. Инвестираат во спортски терени, а финансиски ги поддржуваат врвните спортисти кои оствариле високи меѓународни спортски резултати.
конгрес
„Секоја година доделуваме околу 500 стипендии за млади талентирани спортисти до 20 години, кои оствариле врвни достигнувања во областа на спортските домашни и меѓународни натпревари. Исто така не ги запоставуваме ни останатите спортисти во сениорска конкуренција кои оствариле врвни резултати на европски, светски,  Олимписки и Параолимписки спортски натпревари. Овозможуваме паричен надоместок со одредена вредност и во временски период“, Спасески.

Деканот Живковиќ нагласува дека  упорно и постојано работат и бараат решенија за надминување на сите недостатоци кои влијаат на развој на спортската култура во земјава. Професорот потсетува дека со инвестирање во спортот се инвестира во здравјето на нацијата.  Заклучоците од првата меѓународна конференција ќе бидат доставени до сите ресорни министерства, напоменува деканот Живковиќ.
Конгресот е во организација на Факултетот за физичка култура и Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, а има голем број   учесници,  професори и тренери од факутетите за физичка  култура, од регинов и Европа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top