Автор: инфодеск

Се уредуваат јавните површини низ Охрид

Post Views: 5 По налог на Општина Охрид, екипи на охридските јавни претпријатија деновиве работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина. Во село Пештани се уредува и поплочува пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Изведувач на градежните активности е фирмата „Кими-Ибра“ од Кичево. Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“. Екипи на ЈП „Водовод“ пак, работат на поставување нова водоводна линија на ул. „Григор Прличев“ во Стариот...

Continue reading

Наставници по ФЗО за 4-то и 5-то одделение

Post Views: 14 Со цел овозможување на правилен раст и развој на учениците од четврто и петто одделение, Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по физичко и здравствено образование. Тие како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение. Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишен спорт – Охрид, ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две генерации...

Continue reading

Киев експлозии

Гранатирани две станбени згради во Киев

Post Views: 5 Денеска, на 20-тиот ден од војната во Украина, утринава продолжи руското гранатирање на Киев. Две згради во станбени области на Киев се погодени во одвоени напади, соопштија украинските служби за итни случаи. Приватна куќа во Осокорски, област источно од центарот на градот е погодена од гранатирање утрово непосредно пред 6 часот по локално време. Во двокатницата избувнал пожар, но набрзо бил изгаснат. Набргу по ова гранатирање, погодена е десеткатница во Подил северно од центарот на градот, при што пожар зафатил пет ката од зградата. Во меѓувреме, градската управа на...

Continue reading

Средба на Пецаков со германска фондација

Post Views: 3 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со официјалниот претставник на германската фондација „Конрад-Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија, Давор Пашоски. Целта на средбата беше запознавање на германската делегација со тековните и планирани проекти на Локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува. Заеднички беше заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските вредности,...

Continue reading

Владата го „стега“ каишот на јавниот сектор

Post Views: 2 Владата усвои таргетирани мерки и препораки за намалување на трошоците во јавниот сектор. Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни...

Continue reading

Четврта рунда руско-украински преговори

Post Views: 8 Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак. Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции. Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија во понеделник ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина – изјави Подољак, а пренесуваат...

Continue reading

Украински преговарач убиен во Киев

Post Views: 8 Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс. Тие загинаа бранејќи ја Украина – се наведува во соопштението. Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија. Киреев е осомничен дека е руски...

Continue reading

„Разведи ме“ сабота пред охриѓани

Post Views: 2 Сабота со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи театарската претстава „Разведи ме/Две нијанси црвена“ во режија на Роберт Ристов, а во изведба на Театар “Провокација“ од Скопје. Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите...

Continue reading

„Охридски Комуналец“ исчисти уште една дива депонија

Post Views: 2 Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ беа ангажирани во расчистување на дива депонија на ул. „Крали Марко”. Ангажирана беше и специјална механизација во подигнување на енормни количини кабаст отпад, зелен отпад, градежен шут и расфрлан комунален отпад од околното населние.

Continue reading

украински дрон

Дронот што падна во Загреб имал авиобомба

Post Views: 5 Пронајдени се траги од експлозиви и траги кои сугерираат дека дронот што се урна во Загреб не е извидувачки авион, изјави хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. Тој додаде дека истрагата влегува во завршна фаза.  Во почетокот на истрагата дознавме дека одредени фрагменти содржеле експлозив и дека треба да се пристапи кон повнимателен начин за отстранување на леталото и да се елиминира ризикот од трагичен настан – рече министерот. Баножиќ потврди дека е пронајдена црната кутија и дека се очекува од неа да се извлечат податоци за летот. Ќе го споредиме...

Continue reading

Пиштол пронајден кај охриѓанец

Post Views: 11 На 15.03.2022 во 12.25 часот на улицата „Партизански одреди” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг” калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Се преврте автобус со бегалци од Украина

Post Views: 6 Едно лице загина откако автобус со околу 50 украински бегалци се преврте во северна Италија, соопштија италијанските пожарникари. Како што пренесуваат медиумите во несреќата има неколку повредени. Несреќата се случила на автопатот во близина на Форли, град во регионот Емилија-Ромања во североисточна Италија.  Автобусот излетал на страна на тревна падина веднаш зад заштитната ограда на автопатот. Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека возилото тргнало од Украина и се движело на југ кон Пескара, пристанишен град на Јадранот.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top