Автор: Николоска Биљана

Децата сами ги надминуваат разликите

Post Views: 3 Децата од градинката Росица денес го окупираа малиот плоштад во Охрид. Преку игра, песна забава, дружба тие покажаа како сложно може да се живее без разлика на боја, нација и вера. Ова е најдобар начин да се придонесе за надминување на предрасудите кој што постојат меѓу возрасните, вели Розе Костеска директор на охридската градинка „Јасна Ристеска“. „Оваа година како продолжена рака со поддршка на МТСП и градоначалникот Бакрачески, како и со финансиска поддршка од УНИЦЕФ и од Британската амбасада успеавме да реализираме еден проект во неколку наврати во занималните со...

Continue reading

Спасов: Реконструкцијата на Центарот за социјала ќе биде готова за еден месец

Post Views: 1 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес го посетија Центарот за социјална работа каде што во моментов интензивно се работи на негова реконструкција. Градончалникот Бакрачески истакна дека добро е што се прават напори за подобрување на условите за работа во оваа институција не само за вработените туку и за странките кои доаѓаат тука, бидејќи ќе добиваат услуга на еден подобро организиран начин. „Ние како сериозна локална власт и понатака остануваме посветени во делот на социјалната политика ќе ги координираме...

Continue reading

Бесплатни обуки за 20 невработени од Охрид

Post Views: 3 20 бесплатни обуки за заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти. Локалната самоуправа во рамките на нивната програма за помош на социјално ранливите категории денес го објави огласот за доделување бесплатни курсеви за 20 невработени лица. Како што истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески целта е стимулирање на социјалната интеграција на невработените на ниво на општина Охрид и подобрување на нивните квалификации за идно вработување. Со курсевите ќе бидат опфатени по пет лица од секоја од наведените стручни профили. „Право на пријавување на овие курсеви имаат...

Continue reading

Емисијата „Не бери гајле“ го прослави својот јубилеј

Post Views: 2 Култната емисија „Не бери гајле“, на охридското Супер Радио, го прслави својот јубилеј, 10 години постоење. До ден денес таа се емитува во континуитет, сигурно е една од ретките ако не и единствена музичка емисија во историјата на радиото со толку голем стаж. Роденденот беше повод да врземе лав муабет со уредникот на емисијата Жанко Зш Голабоски за интересните моменти кои ја креираа историјата на ветераните меѓу музичките емисии и која од како се појави до ден денес е задолжителен ритуал на многу охриѓани но и стружани. „Се се сучи пред десет години во десет минути разговор...

Continue reading

Странците не се откажуваат од одмор во Охрид

Post Views: 1 Нема поголеми откажувања на странските гости, заради актуелната безбедносна состојба во државава и последните настани во Куманово, тврдат туристичките работници од Охрид. Сопственикот на туроператорот „Фибула Ер Травел“, Асим Меџедовиќ, категоричен дека вестите за случувањата во нашата земја кои го обиколија светот, нема негативно да се одразат врз бројот на странски гости кои доаѓаат на охридско – струшкото крајбрежје, но посочи дека има знаци на претпазливост, кои и им биле предочени посебно на туристите кои доаѓаат од Холандија. „Тоа е по објавата на официјалната...

Continue reading

kumanovo

Хаџи Јанев: Земјава во моментов е безбедна

Post Views: 10 После големиот терористички напад во Куманово, Македонија испрати силна порака до сите оние кои сакаат да ја дестабилизираат состојбата во земјава: „Општеството не е како она во 2001 година, туку овој пат граѓаните се сплотени во делот кој беше извор или потенцијал за избувнување на конфликтот. Ова го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев. Тој напомена дека треба сите внимателно да се однесуваме кон ваквите појави, да ги запазиме демократските теркови за да може да го задржиме курсот за градење стабилно опшество. Хаџи Јанев додаде дека треба будно да се...

Continue reading

Охридски Комуналец после 17 години ќе се поднови

Post Views: 1 ЈП „Охридски Комуналец“ ќе се поднови со 5 специјални возила за комунална хигиена. Денес беше потпишан договор за набавка на возилата помеѓу градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакречески и Мухамет Џенгис, директор на компанијата ЕРКА БМЦ, од Охрид. Со ова, како што најави првиот човек на општина Охрид и официјално започнува реализацијата на проектот „За поубав и почист Охрид“. Спред Бакрачески, општина Охрид посветено работела на подготвување на документацијата со која претходно конкурирале за добивање кредит од Светска бакна. После одобрувањето на средствата,...

Continue reading

Црвениот Крст Охрид го одбележа роденденот на Анри Динан

Post Views: 0   Големите луѓе мора да се знаат. Парадокс е денес да не се знае кој е Анри Динан основоположникот на меѓународната организација на Црвениот крст во светот, истакна Бесник Лена претседател на струшкото здружение „Анри Динан“. Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина се одбележува и во чест на хуманистот и основоположникот на движењето на Црвениот Крст Анри Динан. Лена истакна дека денешниов датум е историски бидејќи Динан е човекот кој е заслужен за основањето на меѓународниот Црвен Крст. „Чест и за многу години вие охриѓаните да го споменувате овој човек...

Continue reading

Селските гробишта одат под општинска капа

Post Views: 7   ЈП „Градски Гробишта“, за три месеци под своја капа треба да ги преземе гробиштата од селата и приградските средини во Охрид. Ова било препорака од Владата на РМ откако претходно ја разгледала информацијата од Инспекцискиот Совет, каде се укажува дека пограбалните оператори не ги доставувале сите потребни документи за починатите лица на територијата на Локалните самоуправи, како што изјави Зоран Симоноски директорот на ЈП. „Тоа значи дека го прекршуваат Законот за гробишта и погребални услуги и во иднина треба да ставиме комплетна контрола на тие починати лица. После...

Continue reading

piroman

Приведен пироман кој палел вегетација

Post Views: 8 Вчера попладне гореше во близина на Горца. Тоа го забележале случајни минувачи. Тие виделе дека тревата ја пали некој човек, кој на минувачите им објаснил дека тоа го прави за да го расчисти просторот а дека наводно за тоа некоја фирма му плаќа одреден надомест. Според минувачите тој не бил ни свесен дека прави кривично дело. Од СВР Охрид го потврдуваат случајот. Според портпаролот Стефан Димоски вчера во 16 часот и 45 во полиција бил пријавен пожар кај Инекс Горица. Нивните служби веднаш излегле на лице место и констатирале дека од страна на физичко лице било извршено...

Continue reading

titoisti

Титоистите со низа активности за настаните од НОВ

Post Views: 0 Здружението на граѓани „Титоисти“ од Охрид по повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот,  упатија честитки до граѓаните на Општина Охрид, како и до сите граѓани на Република Македонија. Како што истакна претседателот Радоја Митрески нивното здружение било формирано со цел да делуваат во насока на одбележување на најзначајните празници од НОВ. „Задачите на нашето здружение е да се заштити од искривување на историјата на ликот и делото и улогата на Јосип Броз Тито, неговата заслуга за признавање и афирмација на македонската нација и формирање и развој  на македонската...

Continue reading

kruzen tek

Бул.Туристичка ќе добие нови тротоари

Post Views: 0   Течат градежните зафати околу изградбата на кружниот тек на пресекот помеѓу бул „Туристичка“ и ул. “Бистрица“, на западниот влез од Охрид. Жителите од овој дел градот и покрај тоа што неодамна ги слушнаа најавите од првиот човек на градот дека на таа градежна локација ќе никне современо сообраќајно решение, со одредена резерва гледаат на тоа, односно стравуваат дека нема да биде уредена тротоарската површина. Љупчо Танески од Секторот за комунален развој сообраќај и улици вели дека тоа се само обични шпекулации и тенденциозни гласини, бидејќи според него вистината...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top