Приведен пироман кој палел вегетација

Жител на Дебар вчера во попладневните часови палел нискостеблеста вегетација кај Инекс Горица, при што предизвикал пожар.  Пожарот е изгаснат, а лицето приведено во СВР Охрид. Екипите на Секторот работат на случајот, односно откриваат под кои околности дошло до опожарувањето.

 |  Николоска Биљана  | 
piroman
пироман

piromanВчера попладне гореше во близина на Горца. Тоа го забележале случајни минувачи. Тие виделе дека тревата ја пали некој човек, кој на минувачите им објаснил дека тоа го прави за да го расчисти просторот а дека наводно за тоа некоја фирма му плаќа одреден надомест. Според минувачите тој не бил ни свесен дека прави кривично дело. Од СВР Охрид го потврдуваат случајот. Според портпаролот Стефан Димоски вчера во 16 часот и 45 во полиција бил пријавен пожар кај Инекс Горица. Нивните служби веднаш излегле на лице место и констатирале дека од страна на физичко лице било извршено палење на грмушки и шумска површина од 40 м квадратни. Димоски вели дека зафатениот пожар успешно бил изгаснат од страна на екипите на Територијалната против пожарна единица. Лицето било приведено во СВР Охрид и со него бил направен информативен разговор, појаснува портпаролот. Било констатирано дека станува збор за лице од Дебар кај кое биле забележани одредени елементи на психичко нарушување во моментот, поради што била известена службата за итна медицинска помоц и Центарот за социјални работи Дебар. Димоски нагласи дека секторот случајот го класифицирал како казнено дело предизвикување општа опасност и работи на расветлување на истиот. На прашањето дали е точно, односно дали полицијата ќе ги провери наводите дека лицето кога било затекнато во палењето на вегетацијата кажало дека приватна фирма му платила да го врши тоа, портпаролот со одговор дека СВР ќе ги разгледа сите околности под кои дошло до опожарувањето. Инаку, пред неколку години во непосредна близина на хотелот „Инекс“, под вилата на МВР, на локацијата каде денес се гради луксузен хотелски комплекс,  беше опожарена поголема површина на борова шума.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top