Хаџи Јанев: Земјава во моментов е безбедна

Не постои држава која што може да биде имуна на терористички напади како оној кој пред неколку дена се случи во Куманово, истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев. Земјава во моментов е безбедна, а ние треба да се задржиме на градење и одржување на демократските процеси во државата.

 |  Николоска Биљана  | 
kumanovo

После големиот терористички напад во Куманово, Македонија испрати силна порака до сите оние кои сакаат да ја дестабилизираат состојбата во земјава: „Општеството не е како она во 2001 година, туку овој пат граѓаните се сплотени во делот кој беше извор или потенцијал за избувнување на конфликтот. Ова го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев. Тој напомена дека треба сите внимателно да се однесуваме кон ваквите појави, да ги запазиме демократските теркови за да може да го задржиме курсот за градење стабилно опшество. Хаџи Јанев додаде дека треба будно да се следи состојбата во целата земја.

„ Такви групации ќе постојат и нема никогаш да бидеме имуни до крај. Она што треба да го направиме е  будно да ја следиме состојбата, да изградиме соодветни механизми за одбрана од нив и да не дозволиме демократијата и пред се заштитата на човековите солободи и права и основните принципи на коишто функционираат современите општества да ги погазиме. Доколку тоа не го направиме, ќе создадеме платформа преку која ваквите групации полесно ќе можат да ги остварат своите цели“– нагласи Хаџи Јанев.

Познато е дека само тероризмот нема граници па оттука треба голема регионална соработка и зајакнување на врските, истакна Бранимир Мандиќ, директор на Центарот за безбедност и соработка “Раквијак”, од Хрватска. Тој не сакаше да ја коментира природата на инцидентот иако е во домен на неговата работа, но се задржа на следново.

 „Ваквите факти покажуваат дека тероризмот нема граници како што нема граница ни компјутерската безбедност и невозможно е да се спречат ваквите случувања, бидејќи кога ќе се случат тогаш последиците би можеле да се многу тешки, како што тоа го видовме во овој случај“ – вели Мандиќ.

Експертите сметаат дека не постои држава во светот која што може да биде имуна на вакви настани. Според нив многу посилни држави од нас како Франција, Америка и Германија се на мета на терористичките групации. Нивните размислувања се дека настанот во Куманово бил класичен терористички напад согласно сите параметри по кои се оценува вакво дејание, и на него се  одговори на соодветен начин.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top