Бул.Туристичка ќе добие нови тротоари

Изградбата на кружниот тек на влезот од градот од западната страна, ќе биде современо сообраќајно решение, со сите пропратни содржини вклучувајќи го и уредувањето на тротоарската површина, убедуваат од општина Охрид. Покрај тоа, почнувајќи од петљата на влезот, па се до бензиската пумпа кај СРЦ „Биљанини извори“, дополнително од двете страни на булеварот „Туристичка“ се изработува проект со кој ќе се уредуват јавните тротоарски површини и велосипедски патеки.

 |  Николоска Биљана  | 
kruzen tek
кружен тек

 

Течат градежните зафати околу изградбата на кружниот тек на пресекот помеѓу бул „Туристичка“ и ул. “Бистрица“, на западниот влез од Охрид. Жителите од овој дел градот и покрај тоа што неодамна ги слушнаа најавите од првиот човек на градот дека на таа градежна локација ќе никне современо сообраќајно решение, со одредена резерва гледаат на тоа, односно стравуваат дека нема да биде уредена тротоарската површина. Љупчо Танески од Секторот за комунален развој сообраќај и улици вели дека тоа се само обични шпекулации и тенденциозни гласини, бидејќи според него вистината е друга.

„Во однос на шпекулациите дека нема да постојат тротоарски површини на овој кружен тек ние како Сектор за комунални дејности, категорично ќе го демантираме тоа, значи функционални ќе бидат постојните тротоарски површини на овој потег“-вели Танески.

Танески најавува дека паралелно со веќе најавените проекти ќе се се прават и дополнителни зафати, се тоа во интерес на градот.

„Во тек е една поширока постапка за изработка проект со кој што ќе се уредат тротоарските површини и велосипедски патеки долж целиот булевар „Туристичка“ на влезот од петљата до бензиската пумпа кај СРЦ „Билјанини извори“ кој што проект целосно ќе ги уреди тие површини“– изјави Танески.

Покрај фирмата изведувач која го доби тендерот за овој проект АД „Илинден“ Струга, во активностите се вклучени и двете охридски ЈП „Нискоградба“ која што на градежната локација веќе постави нова атмосферска канализација како и Р.Е. Водовод која што обезбеди технички водоснабдителен систем за техничка вода за наводнување на кружниот тек. Инаку според најавите од Секторот за комунален развој сообраќај и улици тврдат дека кружниот ќе биде готов пред летната туристичка сезона.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top