Емисијата „Не бери гајле“ го прослави својот јубилеј

Емисијата „Не бери гајле“, на охридското Супер радио денес со роденденско издание. 10 години од постоењето на оваа емисија не е мал период во голем регион вели Жанко Зш Голабоски,  кој денес како што изјави и самиот направил „огромен трошок на своја сметка“ пречекувајќи ги бројните посетители во Кадмо кои дојдоа заедно да го прослават роденденот.

 |  Николоска Биљана  | 

Култната емисија „Не бери гајле“, на охридското Супер Радио, го прслави својот јубилеј, 10 години постоење. До ден денес таа се емитува во континуитет, сигурно е една од ретките ако не и единствена музичка емисија во историјата на радиото со толку голем стаж. Роденденот беше повод да врземе лав муабет со уредникот на емисијата Жанко Зш Голабоски за интересните моменти кои ја креираа историјата на ветераните меѓу музичките емисии и која од како се појави до ден денес е задолжителен ритуал на многу охриѓани но и стружани. „Се се сучи пред десет години во десет минути разговор со Митанон, раскажува Голабоски, кој како од пушка беше подготвен да одговори на новинарските прашања.

„Да кажам за почетоците, прајме не прајме се подготвувавме, го мислевме концептот 4 саати не се малку да задржиш внимание на публика во не толку мал реон и тоа долги години и со последниве мерења сеуште сме број еден и со емисијата и со радиото одбрана музика, одлучивме да се вика „Не бери гајле“– раскажува Голабоски.

Емисијата името го добила по некогашниот фудбалски тим од Мешеишта, кој се викал „Не берете гајле“ кој тим секогаш со кого и да играл мал фудбал губел, раскажува Голабоски. Голабоски обелоденува која публика му е најголема слабост.

„Стружанките ми се слаба страна и многу ги сакам, сакав да се женам со стружанка и тоа влаинка но ми наметнаа една скопјанка и морав да прифатам зш порано такви беа времињата не прашвеа што сакаш со стројници беше. Стружанките мнгу ги сакам и еднаш имавме анкета за стружанки и охриѓанки јас навивав за стружанките, а охриѓанките ко поминвев од радио по чаршија ме плукаа излозите и ми викаа одиси о Струга, а Џомбава мораше да навива за охриѓанките, зш женаму е од градов “ – изјави Голабоски.

Флуидот кој што постои помеѓу ди џе јот и водителот е спонтана работа, вели Тони Ангелески одговорен за музиката во „Не бери гајле“. Како што истакна тој, неговото долгогодишно искуство во медиумот во кој работи налага следење на сите модерни трендови и потребата да се задоволи вкусот на секоја публика.

„Прелесно е да се работи со Жанко, ние само да се погледнеме знаеме кој што мисли, кај да влези, кај да застани каде оди џингл, нема потреба од претходно договарање. Имаме фонотека од 50 сетите години навака, имаме комуникација преку интернет со слушателите, преку стримингот на Супер радио не слушаат од цел свет, секое утро се будат со Жанко и со мене“– вели Ди Џеј Џомба.

Славните и познати водители во Охридско- струшкиот регион на емисијата „Не бери гајле“, раскажаа како успеале да го одржат рејтингот кој го уживаат во моментов. Тие велат дека мора постојано да менуваш нешто и да има нови моменти. Во последно време често оделе на терен, бидејќи техниката дава можности теренски да се работи и со телефон во живо да се направи емисија од Галичица, што порано не било така кога се работело студиски. Во секој случај за квалитетна емисија мора да има динамика, квалитет, добра идеја и добар тим кој секогаш меѓусебе си помага.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top