Црвениот Крст Охрид го одбележа роденденот на Анри Динан

Црвениот Крст на Охрид заедно со претставници на Здружението „Анри Динан“ од Струга, пригодно го одбележаа 8 ми мај Светскиот ден на Црвениот Крст и  Црвената полумесечина. Тие положија свежо цвеќе пред бистата на овој голем хуманист во Охрид, која се наоѓа пред седиштето на Црвениот крст.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Големите луѓе мора да се знаат. Парадокс е денес да не се знае кој е Анри Динан основоположникот на меѓународната организација на Црвениот крст во светот, истакна Бесник Лена претседател на струшкото здружение „Анри Динан“. Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина се одбележува и во чест на хуманистот и основоположникот на движењето на Црвениот Крст Анри Динан. Лена истакна дека денешниов датум е историски бидејќи Динан е човекот кој е заслужен за основањето на меѓународниот Црвен Крст.

„Чест и за многу години вие охриѓаните да го споменувате овој човек бидејќи, тој е голем хуманист филантроп и тој е инспирација за хуманоста и човечноста“– истакна Лена.

Годинава покрај одбележувањето на светскиот ден на Црвениот Крст и роденденот на таткото на ова движење, се одбележува и еден значаен јубилеј, 50 години од прифаќањето и усвојувањето на основните седум принципи на движењето на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, изјави потпретседателот на ОО Весна Терзиоска.

„По повод овој ден Општинската Организација на Црвениот Крст, Охрид, организара многу активности, имавме отворен ден нашата организација ја посетија деца од предучилишна возраст кои што се запознаа со нашите активности, утре е организацијата на 44 општински натпревар за прва помош, понатаму имаме крводарителска акција, промоција на активностите на Црвениот крст посебно Бреин о Бреин програмата“ – нагласи Терзиоска.

Годинешната порака на Светскиот ден на Црвениот Крст е да ја разбудиме хуманоста во нас и да продолжиме да чекориме во најголемото хумано семејство во светот. Активистите денес тоа практично им го покажаа на децата од средната група од охридската градинка Јасна Ристеска.

„Погледнавме еден цртан филм, анимиран, наменет за нивната возраст за тоа како почнала приказната за една идеј, после гледањето на филмот децата од она што го видоа како впечаток имаа можност да нацртаат по еден цртеж на кој беше задолжително да го нацртаат црвенито крст како симбол на нашата организација“– појасни Анета Јованоска.

Инаку на 8 мај 1828 година роден е Анри Динан, основоположникот на идејата за формирањето на Црвениот крст. Во негова чест, 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top