Селските гробишта одат под општинска капа

Со сите гробишта во селата на територијата на општина Охрид за брзо време ќе управува ЈП „Градски Гробишта“. Претпријатието веќе презема активности за спроведување на оваа Владина препорака со цел да се воведе поголем ред во работата на погребалните оператори како и да се контролира дали документите за починатите лица се носат во матичната служба.

 |  Николоска Биљана  | 

 

ЈП „Градски Гробишта“, за три месеци под своја капа треба да ги преземе гробиштата од селата и приградските средини во Охрид. Ова било препорака од Владата на РМ откако претходно ја разгледала информацијата од Инспекцискиот Совет, каде се укажува дека пограбалните оператори не ги доставувале сите потребни документи за починатите лица на територијата на Локалните самоуправи, како што изјави Зоран Симоноски директорот на ЈП.

„Тоа значи дека го прекршуваат Законот за гробишта и погребални услуги и во иднина треба да ставиме комплетна контрола на тие починати лица. После тие информации Владата со заклучок ги задолжува Локалните самоуправи односно нас како ЈП да воспоставме контрола на цела територија  не само на градсктие гробишта туку и гробиштата од приградските населби на територијата на општина Охрид. Тоа значи дека сите извршени ЈП мора да има контрола и да контролира дали тие документи се носат во матичната служба“ – вели Симоноски.

Во ниту еден дел не го прекршуваме Законот за гробишта и погребални услуги вели Денис Шибакоски, директорот на пограбалниот оператор „Мирен Сон“. Тој категоричен дека од 2010 година откако почнале со оваа дејност, еднаш месечно до матичната служба доставувале документација за сите починати лица кои ги погребале а за кои имале одобрение за погреб од управителот на ЈП, уредно и навремено. Според Шибакоски проблемот во руралните средини каде што како сопственици на гробиштата се јавуваат верските заедници кои што не се управители со тие гробишта, е што нема кој да издаде одобрение за погеб, па семејствата на починатите самостојно ги вршеле погребите.
Директорот Симоноски информира дека во предвидениот рок, ЈП оваа препорака на Владата ќе ја спроведе. Документот веќе е стигнат уште на 14. април годинава и службите на прертпријатието веќе презело активности.

„Формиравме свој тим и веќе е на терен тие контактираат со сите Месни заедници кои ги опслужуваат селските гробишта и со Црковните одбори, со цел да изнајдеме решение како во понатамошниот период го почитуваме Законот за гробишта и погребални услуги и имаме контрола на сите починати лица“ – појаснува Симоноски.

Откако ЈП Градски гробишта ќе воспостави контрола на сите гробишта на територијата на општина Охрид, следствено на тоа се зголемува и обемот на работа на претпријатието, па оттука се наметнува и прашањето дали ЈП кадровдски е подготвено да одговори на тоа.

„Технички сме опремени и кадровски да од она што ќе ни го достават службите на терен од обемот и видот на активностите, вероватно ќе треба вработување на дополнителни лица, така да мора да најдеме заеднички јазик со МЗ И црковните одбори кога ние ќе ги земеме под контрола ќе има и некој надомест“ – вели Симоноски.

Во наредниов период службите кои се пратени на терен имаат задача за гробиштата во секое село да направат елаборат со фото документација со број на починати лица и гробни места за да може подетално да се обработат податоците и да се дефинира начинот на управување со тие гробишта.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top