Титоистите со низа активности за настаните од НОВ

За нецела година охридското здружение на „Титоисти“ излегува со своја програма за работа како и со низа активности. Денес го одбележија Меѓународниот ден на трудот, се подготвуваат за јубилејот 35 години од смртта на Јосип Броз Тито, потоа за Денот на младоста 25 мај, како и за 29 ноември  денот на формирањето на Југославија и заседанието на АВНОЈ.

 |  Николоска Биљана  | 
titoisti
титоисти

Здружението на граѓани „Титоисти“ од Охрид по повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот,  упатија честитки до граѓаните на Општина Охрид, како и до сите граѓани на Република Македонија. Како што истакна претседателот Радоја Митрески нивното здружение било формирано со цел да делуваат во насока на одбележување на најзначајните празници од НОВ.

titoistiЗадачите на нашето здружение е да се заштити од искривување на историјата на ликот и делото и улогата на Јосип Броз Тито, неговата заслуга за признавање и афирмација на македонската нација и формирање и развој  на македонската држава како и неговата улога за мир, прогрес и рамноправност на целиот свет“– изјави Митрески.

Потпретседателот на здружението Димче Стојкоски до јавноста се обрати за престојниот празник 4 мај односно одбележување на јубилејот 35 години од смртта на Јосип Броз Тито.

 „Во понеделник на 4 мај со почеток во 11 часот во просториите на организациите  ќе се одржи свечен собир, трибина. Се покануваат граѓаните да учествувааат на ова чествување“– вели Стојкоски.

Од оваа организација потсетија дека ќе делуваат како невладино, непартиско здружение, одделени од поранешното кои го почитуваат ликот и делот на Јосип Броз Тито. Тие имаат свој Управен, Надзорен одбор, претседателство и членови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top