Охридски Комуналец после 17 години ќе се поднови

Возниот парк на механизација на ЈП Охридски Комуналец за два месеци ќе се поднови со 5 нови возила. Со тоа ќе се подобри квалитетот на јавните комунални услуги во градов, тврди градоначалникот Никола Бакрачески.

 |  Николоска Биљана  | 

ЈП „Охридски Комуналец“ ќе се поднови со 5 специјални возила за комунална хигиена. Денес беше потпишан договор за набавка на возилата помеѓу градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакречески и Мухамет Џенгис, директор на компанијата ЕРКА БМЦ, од Охрид. Со ова, како што најави првиот човек на општина Охрид и официјално започнува реализацијата на проектот „За поубав и почист Охрид“. Спред Бакрачески, општина Охрид посветено работела на подготвување на документацијата со која претходно конкурирале за добивање кредит од Светска бакна. После одобрувањето на средствата, на меѓународен тендер за набавка на возилата, се пријавиле тројца понудувачи, а по одлука на комисија, формирана од општина Охрид, била избрана локална компанија.

„Две комунални возила за подигање на отпад со капацитет 3 метри кубни, возило за подигање на отпад за подигање со капацитет од девет плус еден метар кубен, возило за подигање отпад со капацитет 16 плус еден метар кубен и хидростатична машина за чистење на улици. Вкупната вредност на набавката е 18 839 172 денари – вели Бакрачески.

Возниот парк кој што го затекнала оваа постава на локалната власт бил во очајна состојба, признава Бакречески. Но според Миле Ристески од ЈП „Охридски Комуналец“, со набавката на петте нови возила проблемот ќе се надмини.

„Истовремено со овие возила се намалуваат трошоците вклучувајќи го тука горивото и реагенсите кои се користат за тие возила. Исто така со овие возила ќе немаме никаков проблем во секојдневното подигање на отпад бидејќи ќе бидат покриени сите реони и навреме ќе биде подигнат комуналниот отпад“ –  убедува Ристески.

Денешниот договор е резултат на една успешна соработка со општина Охрид, која се надевам дека ќе продолжи и во иднина, рече Мухамет Џенгис, директорот на Компанијата која беше најуспешна на тендерот.

„Како добавувачи ќе се залагаме да го испочитуваме потпишаниот договор во целост и навреме да го реализираме. Со оваа набавка мислиме дека ќе придонесеме градот Охрид да стане еден од најчистите градови на Балканот“– реце Џенгис.

Инаку ЈП „Охридски Комуналец“ возилата треба да ги добие во рок од 2 месеци, сметано од денес. Ова ЈП полсе 17 години се подновува со современи возила.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top