Започна акцијата за отстранување потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници од крајбрежјето на Охридското Езеро. Денеска се отстрануваше урбана опрема на потегот од „Горица 3“ до Заводот за кардиоваскуларни заболувања Св Стефан. Активностите се согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО.
Се сруши дел од коловозот на улицата Славеј Планина поради градење нова зграда. Жителите месеци наназад бараат стопирање на изградбата на станбениот објект на приватен инвеститор поради штетите кои настануваат на куќите околу градилиштето. Од Општината велат дека по итна постапка ќе се утврдувале пропустите и ќе се санирала штетата.
Еврокомесарот Јоханес Хан синоќа слета во Скопје во 22.50 часот. Неговата прва средба денеска ќе биде со техничкиот премиер, Емил Димитриев, а потоа ќе присуствува на состанок на министрите за енергетика од Западен Балкан и на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан.
Повик до родителите и полуматурантите да не се организираат традиционалните прослави по повoд завршувањето на основното образование. Ова го побараа Активот на директори од сите општински основни школи. Жалат што ќе изостане прославата на полуматурата, но им порачаа дека ќе имаат можности понатака во животот за уште поголеми прослави. Сега во време на епидемија со Ковид 19 е потребно да се спречи ширењето на болеста и да надвладее разумот над емоциите.
Пробивањето на Android носи огромна заработка
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град