Печатна грешка од 100 милијарди долари!

Милијарда и сто милиона новодизајнирани банкноти од  100 долари со ликот на Бенџамин Франклин не се пуштаат во употреба заради бизарен проблем при печатењето.

 |  Маја Савиќ  | 
nova banknota
нова банкнота

Милијарда и сто милиона новодизајнирани банкноти од  100 долари со ликот на Бенџамин Франклин не се пуштаат во употреба заради бизарен проблем при печатењето.

nova banknota

Имено, уште пролетва администрацијата на Обама со голема помпа најави пуштање во оптек на ново дизајнираните 100 долари, но се покажа дека печатењето на амбициозните заштитни техники кои требаа да бидат брана за фалсификаторите е неуспешно кај секоја десета банкнота. Според планот низ ликот на Беџамин Франклин е провлечена специјална трака со 3д елементи, а покрај неа шишенце со мастило кое со промената на аголот на гледање се јавува како ѕвоно. Упатените велат дека токму овие промени направија проблем за машините за печатење во Тексас и Вашингтон.Но за жал, грешката при печатењето била забележано откако биле испечатени милијарда и сто милиона .Дури тогаш настанала паника бидејќи станува збор за 10% од сите доларски банкноти во готовина во светот и за да не се случи недостаток на готови пари наредено е да се испечати повторно истата сума, но со стариот дизајн.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top