Ќе промени ли нешто доаѓањето на еврокомесарот Хан?

Еврокомесарот Јоханес Хан синоќа слета во Скопје во 22.50 часот. Неговата прва средба денеска ќе биде со техничкиот премиер, Емил Димитриев, а потоа ќе присуствува на состанок на министрите за енергетика од Западен Балкан и на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан.

 |   | 

Еврокомесарот Јоханес Хан синоќа слета во Скопје во 22.50 часот. Неговата прва средба денеска ќе биде со техничкиот премиер, Емил Димитриев, а потоа ќе присуствува на состанок на министрите за енергетика од Западен Балкан и на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан.

Во текот на денот, Хан ќе има средба и со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со вицепремиерот Владимир Пешевски, по што тројцата ќе одржат заедничка прес-конференција во 12.45 часот.

Не е исклучено тој да има и средба со претседателот Ѓорги Иванов.

Еврокомесарот, кој во Македонија доаѓа првпат после предвремените парламентарни избори, се очекува да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември. Во неодамнешното обраќање пред парламентарното Собрание на Советот на Европа, Хан рече дека очекува во Македонија брзо да се формира влада, поддржана од широко парламентарно мнозинство, која ќе ги спроведе итните реформи со што ќе се отворат европските перспективи за земјата.

Неофицијалните, средбите со политичките лидери ќе се одвиваат во доцните часови, а Хан заминува утре од Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top