• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Актив на директори на основните школи: Да не се организираат традиционалните прослави за полуматура

Актив на директори на основните школи: Да не се организираат традиционалните прослави за полуматура

Повик до родителите и  полуматурантите да не се организираат традиционалните прослави по повoд завршувањето на основното образование.  Ова го побараа Активот на директори  од сите општински основни школи. Жалат што  ќе изостане прославата на полуматурата, но  им порачаа  дека ќе имаат  можности понатака во животот за уште поголеми прослави. Сега  во време на епидемија со Ковид 19 е потребно да се спречи ширењето на болеста и  да надвладее разумот над емоциите.

 |  Валентина Неловска  | 

Полуматурантите оваа година не може да го прослават завршувањето на основното образование на досегашниот традиционален начин со поголеми собири во училиште и дома. Активот на директори од сите општински основни училишта упатува повик до родителите и своите ученици да се изостават домашните масовни прослави заради опасноста од ширење на вирусот. Ние сме свесни колку се прошири Ковид 19 токму од семејни прослави. Затоа го упатуваме овој апел плашејќи се за здравјето на сите околу нас, вели Оливија Јанева Пирузева, директор на ОУ Христо Узунов и член на активот, за нивното обраќање.

Разбравме последниве денови дека доста родители планираат некакви семејни веселби и сметавме дека треба да реагираме на ваков начин. Родителите може нема да не послушаат.Тоа не е наредба, но е апел да не надвладеат емоциите над разумот.“

Директорката Јанева Пирузе од името на Активот на директори на охридските училишта , кажа дека жалат што оваа година ќе изостане прославата на полуматурата, но им порачаа на родителите и ученците дека ќе имаат можности понатака во животот за уште поголеми прослави од полуматурата. Тука се матурите и дипломите, но и другите причини за славење кои доаѓаат во текот на животот за да се слави секој успех и среќа, кажува Јанева Пирузе.

„Имаме разбирање од голем дел и од родителите и од децата. Разговарајќи со децата тие се чувствуваат оштетени бидејќи ја очекувале прославата на крајот од нивното завршуавње на основното образование и ми е жал. Но разбираат за ситуацијатa во која се наоѓаме, а се надеваме дека тоа ќе го разберат и родителите“.

Во сите општински основни училишта во учебната 2019/2020 година во 32 паралелки има 535 полуматуранти кои го завршија деветото одделение.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top