Глоби за двајца нотари и за два кабелски оператори. Вчера во Охрид беше извршена контрола од страна на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р.Македонија, при што кај одредени субјекти пронајдени се неправилности при работата.
Одржано генералното собрание на Унијата на жени на Вмро Дпмне од Охрид. Пред бројните членови на унијата, гости и симпатизери на Вмро Дпмне претседателката на УЖ во Охрид, Славица Јанковска даде отчет за сработеното во изминатата година.
Вчера инспекторите при координативното тело за заштита на електронска сопственост при Владата на Република Македонија остварија организирана акција во Охрид.
Искусни професори од Холандија, вршат обука на вработените на НП „Галичица“. Оваа како и повеќе други активности се во рамките на престојното одбележување на 53 годишнината од постоењето на НП. Целна група денес беа дел од основците на општина Охрид.
Деталните урбанистички планови за опфатите „Табана“ и „Ривиера“ и после една година од нивното претставување пред охриѓани, сеуште во фаза на реализација.
Одржувањето на јавната хигиена на подрачјето на општина Охрид треба да биде на ниво. Тоа подразбира чистота не само во централното градско јадро туку долж цела охридска ривиера. Вчера ЈП „Охридски Комуналец“, изведе акција за чистење на плажите.