Ное 1, 2011

Формиран локалниот Совет за превенција од малолетничко престапништво

Охрид е еден од првите градови кои го поддржаа формирањето на едно вакво тело, кое ќе ги следи состојбите во областа на малолетничката деликвенција.


Окт 29, 2011

Жителите бараат хуман третман кон животните скитници

Мирјана Зеко и нејзините соседи се  длабоко потресени од вчерашната старвична  глетка на куче кое умирало во агонија од затруена храна на улицата Гоце Делчев во Воска. Кучето скитник беше миленик на сите во малата, го хранеле и не било агресивно.


Окт 29, 2011

Каков е бенефитот за граѓаните од медијацијата во судските спорови?

Медијацијата во судските спорови сеуште релативно непозната пракса низ македонските судови. Овој начин на решавање на судските спорови медијаторите велат ги штедат и времето и парите на странките. Првиот закон за медијација во Република Македонија е донесен во 2006 година, но спроведувањето во пракса оди малку потешко вели Зоран Петковиќ-Бакли-претседателот на комората на медијатори на Македонија.


Окт 29, 2011

Учениците од Гимназија и Економски ги добија униформите

Се комплетираат униформите за учениците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски. Поло маичките и блузите со долги ракави им се поделија на учениците, треба да им се достават само уште елеците.


Окт 29, 2011

Нови ознаки на патиштата

Новините за регионов ги најави првиот човек на Р.Е. „Македонија пат“, Лазе Страврески. Магистралните патишта добија нови ознаки, наместо М-4 сега ќе биде А-2 додека М-5, А-3.


Окт 28, 2011

Брат за брат-сирењето со пари!

Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.


Окт 28, 2011

Маратонска 40-та седница на Советот на општината

Препукувањата помеѓу двата најголеми политички субјекти во врска предлогот за замена на уличното осветлување, продолжија и на седницата на Советот на општината. Резултат, точката не доби зелено светло.


Окт 28, 2011

Ситиот на гладниот не му верува

Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза.


Окт 28, 2011

Египќаните ќе добијат споменик на божицата Изида во Охрид

Божицата Изида го пронајде своето место во Охрид. Конечно беше задоволено барањето на припадниците на заедницата на Египќаните за поставување на нејзин споменик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top