Ное 18, 2011

Стопанска Банка АД Скопје – Супербренд во Македонија

Своето седумдецениско постоење, една од најстарите македонски банки, го заокружи со ова престижно признание. Најдобар доказ за успехот, плејадата задоволни клиенти.


Ное 17, 2011

Општина Охрид остана со празни раце

Ништо од средствата во износ од околу милион и петстотини илјади евра на адреса комуналии за изградба на проектот Плаошник.


Ное 17, 2011

„Грев или шприцер“ пред охриѓани

Хит претставата „Грев или шприцер“ во изведба на драмскиот театар од Скопје пред охриѓани. Претставата за која се бара билет повеќе ќе биде изведена во центарот за култура Григор Прличев во сабота  благодарение на одличната соработка на Охридско лето, центарот за култура и Народен Театар Охрид и нивните заложби во Охрид да има културни збиднувања во текот на целата година.


Ное 17, 2011

Јордан Трајков на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Јордан Трајков, сопственик на приватната винарија „Попова кула“, доаѓа на местото на Зоран Стрезовски, кој оваа функција ја извршуваше од формирањето на агенцијата.


Ное 17, 2011

Само автентичен амбиент може да биде успешна туристичка приказна

Промоција на состојбите и перспективите во Екотуризмот во Охридско преспанскиот регион во организација на таканаречената зелена партија ДОМ.


Ное 17, 2011

Генералка во НП „Галичица“

Еден рид отпад подигнат од Галичица. После три генерални акции за расчистување, досега од Н.П. подигнати се 700 камиони со разновиден отпад. Тоа паркот последниве три години го чини 20 000 евра.


Ное 16, 2011

Надеж за Мона

После прилогот емитуван во вчерашното издание на дневникот на ТВМ во кој се зборуваше за малата Симона која четири години живее без да може да ја види светлината на денот, се разбуди свеста на пошироката јавност, но и на оние кои се надлежни во институциите на сисемот.


Ное 16, 2011

Балетската претстава „Палешка“ пред охриѓани

На задоволство на сите се збогатува културната понуда за најмладите.


Ное 16, 2011

И во Охрид засадено „Дрвото на толеранција“

Ова е проект на коалицијата на младински организации-СЕГА. Преку него се промовира меѓусебна толеранција, а се спроведува паралелно во неколку градови низ земјава. Акцијата започна точно напладне, а целта е да се поттикне меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог помеѓу младите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top