И во Охрид засадено „Дрвото на толеранција“

Ова е проект на коалицијата на младински организации-СЕГА. Преку него се промовира меѓусебна толеранција, а се спроведува паралелно во неколку градови низ земјава. Акцијата започна точно напладне, а целта е да се поттикне меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог помеѓу младите.

 |  Мишел Наумоски  | 
drvo na tolerancijata
drvo na tolerancijata

Уште една акција за поттикнување на меѓукултурниот дијалог. Сега со интересен наслов, „Да засадиме дрво на толеранцијата“. Оваа акција се спроведува по повод 16ти Ноември, Меѓународниот ден на толеранција. Целта на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско и национално почитување!

„Точно напладне, во 12 часот, денес младите ќе засадат дрво на толеранција на која иницијатива Младински совет исто така се приклучи, подржувајќи го проектот кој веќе две години го спроведува Коалиција на младински огранизации-СЕГА, промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија. „Дрво на толеранцијата“ ќе се засади во градовите : Прилеп, Скопје, Струмица, Гостивар, Врапчиште, Дебар и во Охрид пред хотелот Динариус по кејот на Охридското езеро.“-рече Катерина Каневче-Координатор-Младински совет-Охрид

Во рамките на овој проект се вклучени две средни училишта од Охрид и тоа гимназијата „Свети Климент Охридски“ и „Свети Наум Охридски“-ЕМУЦ. Во проектот учествуваат и средните училишта „Ибраим Темо“ и „Нико Нестор“ од Струга.

drvo na tolerancijata„Преку работилници се реализираше проектот за да им се доближи на младите, преку петмина едукатори во Охрид и во Струга со кој се придонесе и се трудеа да им се доближи самиот поим меѓукултурен дијалог надминувајќи ги стереотипите и предрасудите кои што се еден основен предуслов за да се создаде оваа нетолеранција помеѓу младите.“-додава Каневче.

Од Коалицијата на младински организации-СЕГА ја објаснуваат симболиката на засаденото дрвце која вели:„Како што е прилагодливо дрвото на временските прилики, така и луѓето во Македонија да бидат прилагодливи на разликите (културни, верски и национални)!
Како што е цврсто дрвото, така  да се зацврсти и толеранцијата меѓу младите луѓе во Македонија!  
Како што е вековито дрвото, да биде вековита и толеранцијата во Р .Македонија,за мир, заедништво и соживот во земјата!“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top