„Грев или шприцер“ пред охриѓани

Хит претставата „Грев или шприцер“ во изведба на драмскиот театар од Скопје пред охриѓани. Претставата за која се бара билет повеќе ќе биде изведена во центарот за култура Григор Прличев во сабота  благодарение на одличната соработка на Охридско лето, центарот за култура и Народен Театар Охрид и нивните заложби во Охрид да има културни збиднувања во текот на целата година.

 |  Татјана Маленкова  | 
pretstava
pretstava

pretstavaХит претставата „Грев или шприцер“ во изведба на драмскиот театар од Скопје пред охриѓани. Претставата за која се бара билет повеќе ќе биде изведена во центарот за култура Григор Прличев во сабота  благодарение на одличната соработка на Охридско лето, центарот за култура и Народен Театар Охрид и нивните заложби во Охрид да има културни збиднувања во текот на целата година.

Директорот на Охридско лето Илија Мојсовски истакна дека на гостувањето на драмскиот театар на Охридско лето,  со директорот Бранко Ѓорчев биле договорени гостувања на драмски и вон ремките на Охридско лето.

„На таа средба говоревме да се престават драмскиот теарат со нов и актуелен проект и таа е и целта на Охридско Лето.Вакви проекти му требаат на Охрид за да ја освежиме културата на живеење. Во завршни преговори сме уште за два проекти еден драмски и друг музучки до крај на годинава во соработка со центраот на култура“, вели директорот на Охридско лето Илија Мојсовски.

Претседателот на управниот одбор на Охридско лето, Зоран Велјановски – Летра истакна дека со проектот кој го започнуваат со драмскиот театар, на некој начин започнува и новиот концепт на работа на фестивалот.    

presКонцептот на Охридско лето е разни уметници од разни културни категории од Р Македонија надвор од времетраењето на фестивалот од тие 40 дена. Концептот се состои од тоа да ги промовираме нашите уметници на државно ниво кои редат успеси и настрана од нашата земја, а поретко или никогаш не се виделе во Охрид“, вели претседател УО на охридско лето, Зоран Велјаноски – Летра.

Велјаноски додава дека екипата која во моментов работи на полето на културата во Охрид е на прагот на создавање на мини културна револуција во Охрид, не само на општествен, социолошки, туку и на морален план.  

„Грев или шприцер е престава кој зборува за обичниот човек, за односите во една мала средина и не учат на убави нешта, на нашите грешки и сметам дека оваа престава е многу интересна за луѓето. Повеќе од сигурен сум дека еден ваков проект кое е реанимиран по 20 години би требало да се најде на репертоарот на охридската жива култура“, смета директорот на националниот театар Горан Стојаноски.

Грев или шприцер е драма за страста и неправдата, за гревот и за обичните луѓе, за љубовта и за брзината со која одминува животот. Автор на текстот е Сашко Насев, а режисер Деан Дамјановски.
Улогите ги толкува позната мекедонска актерска екипа. Драган Спасов. Билјана Беличанец – Алексиќ, Зоан Љутков, Роберт Велјановски,  Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

Спонзори кои помогнаа ова да се слуќи се хотелот Силекс, кафe барот Oбјектив, ohridnews и телевизија ТВМ.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top