Надеж за Мона

После прилогот емитуван во вчерашното издание на дневникот на ТВМ во кој се зборуваше за малата Симона која четири години живее без да може да ја види светлината на денот, се разбуди свеста на пошироката јавност, но и на оние кои се надлежни во институциите на сисемот.

 |  Билјана Николоска  | 
Simona
Simona

Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас. 

Simona

Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје, со цел утврдување на точната дијагноза на малата Мона која досега не е прецизирана. ТВМ до крај ќе ја следи состојбата на Симона и за сите нови моменти ќе ја информира јавноста.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top