Дек 31, 2011

Успешна година за СВР

СВР Охрид годината ја завршува со позитивен биланс во свкупното работење. Ова се однесува во сите сегменти во работењето на полицијата како и во делот на сведување на минимум на казнените дела, вели портпаролот на СВР Стафан Димоски.


Дек 30, 2011

Ќе се преиспитува висината на надоместокот за гробарина

Ваков заклучок беше донесен на последната седница на советот. Износот од 1200 денари годишно кој ги вознемири граѓаните, според координаторот на претпријатието, Пандески иако висок сепак реален. Тој се пофали и со висок процент на наплата. Градски гробишта со рок до 15ти Јануари да се произнесат по заклучокот.


Дек 30, 2011

Новогодишна радост за децата од дневниот центар во црквата Св. Ѓорѓија

Охридскиот градоначалник Александар Петрески и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за момент измамија насмевки на лицата на дечињата од овој центар.


Дек 29, 2011

Пакетчиња за децата од ранлива категорија од ООУ „Братство единство“

Пакетчиња за дечињата од ранлива категорија од ООУ Братство Единство. Им ги подели лично ДеДО Мраз, а ги обезбеди Туристичката агенција Летс Травел.


Дек 29, 2011

Успешно реализирано прво издание на квизот „И јас сум Црвен крст“

Од 2012  се надеваат дека истиот ќе прерасне во традиционален. Подготовките и реализацијата на квизот се спроведе во изминатиов месец. Во квизот беа вклучени 260 основци кои најпрво ги добија матријалите од кои требаше да  научат за работата и делувањето на Црвениот крст.


Дек 29, 2011

Државата ги презема долговите на охридски ЕМО

Ќе бидат исплатени сите заостанати придонеси по однос на здравствено и пензиско осигурување како и неплатениот персонален данок на вработените од овој охридски загубар, вели охридскиот пратеник Александар Николоски.


Дек 29, 2011

Охридските училишта ќе се санираат – изградба на нови нема

За 2012 година, Локалната самоуправа од буџетот планира со 32 милиони денари да ги подобрува условите во основните и средните училишта.
Училишните згради се стари објекти кои постојано бараат санирање  и подобрување на училишните простории за учениците да имаат квалитетен престој во нив, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа.


Дек 28, 2011

Нова Година без петарди и пиротехнички средства

Во овој период од годината, пред новогодишните празници вообичаени се активностите на СВР насочени кон пронаоѓање на лица физички и правни кои вршат нелегална продажба на петарди и друга пиротехника. Досегашните активности покажуваат дека вродија со плод акциите кои во континуитет годиниве наназад ги превзеде МВР во сузбивање на нелегалната продажба на пиротехнички матријали.


Дек 28, 2011

Секторот за ТЛЕР нема пари ниту за карневалот Куратица ниту за Водици 2012

Секторот за туризам и локален економски развој годинава со драстично помал буџет. Опозицијата го обвини секторот за ТЛЕР за неинвентивност во работењето. Пројавија и сомнеж за постигнатите ефекти во изминатата година, но и за можната реализација во идната 2012.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top