Пакетчиња за децата од ранлива категорија од ООУ „Братство единство“

Пакетчиња за дечињата од ранлива категорија од ООУ Братство Единство. Им ги подели лично ДеДО Мраз, а ги обезбеди Туристичката агенција Летс Травел.

 |  Татјана Маленкова  | 
paketcinja
paketcinja

Пакетчиња за дечињата од ранлива категорија од ООУ Братство Единство. Им ги подели лично ДеДО Мраз, а ги обезбеди Туристичката агенција Летс Травел.

„Покрај работата во Туризмот „lets travel“ го посети и мултиетничкото училиште Братство Единство и во периодот на дарување му посветивме мало внимание на децата кои учет во ова училиште. Овие деца се наши големи херои и им благодариме што ни дадоа шанса да се дружиме со нив и им порачуваме на сите наши партнери, да издвојат мал дел од нивниот буџет и да допринесат во вакви организации затоа што и нашиот мал дел кој го издвојуваме за нив е голем“, истакна маркетинг менаџер – Lets travel Group, Хуља Абдула.

paketcinjaОд оваа агенција велат дека и претходно  организирале вакви акции, но за следнава година најавуваат дека ваквите акции ќе бидам многу поинтензивни. „Планираме на секои 4 до 5 месеци да издвојуваме дел од нашиот буџет со цел да им излеземе во пресрет на овие категории граѓани“, додава Абдула.
Директорот на училиштето Братство единство Моамер Доко, задоволен од гестот и хуманоста на Lets travel Group.

„ Особена чест и задоволство ми е што овие убави мигови ги делиме со учениците, односно со нашите драги ученици и се надевам дека овој хуман гест нема да биде единствен и верувам дека и во иднина ќе имаме можности да организираме вакви акции“, вели директорот Доко.

Дедо Мраз пак вообичаено до дечињата од ова училиште, но и до сите деца со една единствена порака, да бидат здрави весели и среќни.

Во училиштето Братство Единство од ранлива категорија има 37 ученици. За сите нив утре по уште едно пакетче, овој пат од градоначалникот Александар Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top