Успешна година за СВР

СВР Охрид годината ја завршува со позитивен биланс во свкупното работење. Ова се однесува во сите сегменти во работењето на полицијата како и во делот на сведување на минимум на казнените дела, вели портпаролот на СВР Стафан Димоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Stefan Dimoski
Stefan Dimoski

СВР Охрид годината ја завршува со позитивен биланс во свкупното работење. Ова се однесува во сите сегменти во работењето на полицијата како и во делот на сведување на минимум на казнените дела, вели портпаролот на СВР Стафан Димоски.

„Реализацијата е исто така позитивна и би сакал да потенцирам дека во делот на општиот криминалитет и во делот на организираниот криминалитет во делот на нарушувањрто на јавниот ред и мир како и во делот на сообраќајот видно се бележи намалување на бројот на казнените дела“, вели портпарол СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски напомена дека имаме полиција која е професионална и кадровски и технички опремена во делот на превземање на мерки на терен и во справување со сите безбедносни предизвици на новото време. Тој потенцираше дека полициските службеници во одредени нарушувања во јавниот ред и мир во кој имаше употреба на огнено оружје исклучително брзо и ефикасно реагираа со пронаоѓање на сторителите.

„ Она што сакам да напоменам за идните активности и желби е дека полицијата во секој случај сака во Новата 2012 год. да работи на превентивен план и нашите активности на репресивен план да бидат сведени на минимум. Да напоменам дека изминатава година СВР работеше на повеќе полиња, паралелно со репресивниот дел кој напоменам дека го сведувавме на минимум интензивно работевме и на превентивен план. Тоа значи дека спроведувавме проекти со повеќе целни групи со децата но и со повоздрасната популација, по повод разни проекти кои ние како полиција ги спроведуваме“, вели Димоски.

Портпаролот истакна дека СВР изминатава година успешно спровела и обезбедување на различни настани, политички и спортски. Димоски вели дека интенција на Секторот е и понатака да работат многу повеќе на превентивен план, откотлку на репресивен и со тоа заеднички да допринесат во намалувањето на стапката на криминалитетот за зголемување на безбедноста во градот и за зголемување на безбедносната култура кај граѓаните.      

Инаку на што го потенцираше Димоски го потврдува и полициската статистика според која СВР Охрид во 2011 год. евидентира пад на регистрирани дела во: Во класичниот криминалитет : 742 регистрирани казнени дела во 2011 год, а во 2010 – 799. Организиран криминалитет има 10 казнени дела во 2011 год. , 20 во 2010 год. Во областа на јавниот ред и мир 531 регистрирани случаи во 2011 и 598 во 2010 год., а во областа на сообраќајот 352 сообраќајни незгоди во 2011г. и 463 во 2010 год.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top